Иако главната цел на SpaceX е да го усоврши слетувањето на брод, односно платформа во океан, слетувањата и на земја не се воопшто неважни за развојот на ова технологија.
Денеска SpaceX го направи своето петто успешно вертикално слетување, односно второ извршено на земја. Ракетата е веќе познатата, Falcon 9, која ја има носено исто така од SpaceX развиената Dragon капсула. Мисијата којашто се’ уште е во тек, има за цел да однесе повеќе работи на Меѓународната Вселенска Станица, меѓу кои и нов „докинг“ систем.
SpaceX е пример за тоа како функционираат работите во САД, каде што една ваква важна задача веќе одреден период е препуштена на приватна компанија. Тие со овој развој треба се почесто да се изборот за носење на луѓе и товар во орбитата на земјата, а кога ќе го усовршат концептот на вертикално слетување, сето тоа ќе биде со многу пониски трошоци од порано.
Инаку, заштедата на трошоците при користењето на ракети кои можат да направат вертикално слетување доаѓа од тоа што овие ракети потоа повторно може да се користат за нови мисии. Тоа не беше случајот досега, па за секоја нова мисија беше потребно производство на нова ракета. Разликата во трошоците е во милиони.
Слетувањето на брод е потребно за мисиите кои бараат многу повеќе гориво, поради одење до повисока орбита, па слетувањето на подвижна платформа која ќе се прилагоди на локацијата на ракетата значително ги намалува потребите од дополнително гориво кое се користи при слетувањата.
Dragon on its way to @Space_Station, Falcon on its way home pic.twitter.com/EpfUKBmoWi
— SpaceX (@SpaceX) July 18, 2016