“A Data Pro“ – добитник на овогодинешната “Digital Transformation BOTL“ награда и наградата “Connectiv Innovation 

Компанијата “А Дата Про“ (орг. A Data Pro), водечки провајдер за деловни информации, оваа година, кон крајот на септември, беше наградена со две значајни награди:

2017 Best Outsourcing Thought Leadership (BOTL) Награда

Комисијата составена од шест сениор извршни директори од “Fortune 1000“ претпријатијата ја одбраа Компанијата “А Дата Про“ заради нивната вистинска примена на иновација на светско ниво со која се опфатени креативноста и резултатите. По четврти пат, Аутсорсинг Институтот (Outsourcing Institute), најголемата, неутрална професионална асоцијација посветена единствено на аутсорсингот, ги препозна организациите – лидери во напредно размислување и иновативост и нивните извондредни студии на случај за Клиенти. Институтот ги најави своите награди на Конференцијата за Дигитална Конвергенција (Digital Convergence Conference ) која се одржа на 27. Септември, 2017 година во Њу Јорк.

Победничката студија на случај:

“А Дата Про“ се стекна со старт-ап АИ (AI – Artificial Intelligence) компанија за интегрирање на рачната работа со процес на роботска автоматизација и развој на нови моќни ИТ системи. Стратешката одлука за заедничко интегрирање на луѓето и технологиите како еден нераскинлив екосистем и зголемувањето на продуктивноста и мотивираноста на овој начин, како и драматичното менување на фокусот на работникот претстави неочекувани позитивни резултати. Компанијата “А Дата Про“ ги реши оперативните пречки, ги инспирираше вработените да го развијат својот целосен потенцијал и да напредуваат во синџирот на вредност.

2017 Connectiv Innovation Награда за Задржување на Врвни Таленти

Важна пресвртница во препознавањето на иновативните решенија на “А Дата Про“ во рамки на индустријата со деловни информации беше достигната на Фестивалот за доделување на наградите “Connectiv Innovation“ (Connectiv Innovation Awards Festival), на кој Главниот Комерцијален Директор на Групацијата, г-ѓа Славјана Крушовенска (Slavyana Krushovenska) ја доби наградата во категоријата “Задржување на Врвни Таленти“.

За г-ѓа Крушовенска било само прашање на време кога ќе ја освојат оваа награда, како што таа понатаму објаснува – За нас во “А Дата Про“ инвестирањето во одржливиот развој на човечките таленти не е нов потфат, туку мисија на компанијата повеќе од 17 години. Во нашите континуирани напори да ги трансформираме вработените од почетно ниво на обработка на податоци во врвни професионалци кои вршат увид, “А Дата Про“ направи серија оптимализации кои ја интегрираат рачната работа со вештачката интелигенција и роботската автоматизација на процесите. Овој комбиниран пристап ги ослободува нашите аналитичари од репетитивни задачи и го насочува нивниот фокус кон градење на нови способности, кои додаваат поголема вредност и опсег на услугите кои ги нудиме. Нашиот персонал научи како да обучува за технологиите и да ги адаптира за оптимални резултати кои им се потребни на нашите партнери. Овозможувањето на овие предности за вработените допринесе за покреативни и помотивирани поединци.

Фестивалот “Connectiv Innovation“ се одржа на 28. Септември, 2017 година во Њу Јорк.

За “A Data Pro

Со преку 400 аналитичари на податоци, лингвисти и домеин експерти, компанијата “А Дата Про“ обезбедува уникатна комбинација на услуги базирани на знаење, покривајќи широк спектар на бизнис информации на синџирот на вредности на преку 40 јазици низ 80 земји. Нивното портфолио се состои од докажано искуство во дејствувањето како центар за управување со содржини за компаниите за метрички анализи на медиуми и аналитичките компании, глобалните издавачи и “Risk and Compliance провајдерите низ целиот свет, започнувајќи од 1999 година. 

За Connectiv
Connectiv (Асоцијација за Деловни Информации – Business Information Association), е единствената глобална Асоцијација за деловни информации која ги акселерира иновациите за водечките и нови компании за содржини, податоци и технологија. “Connectiv“ е поддржан од “SIIA, umbrellaасоцијација која е претставник на повеќе од 800 компании за технологија, податоци и медиуми глобално. За повеќе информации, посетете ја страната: connectivb2b.net. 

За Институт за Аутсорсинг 
Основан во 1993 година, Институтот за Аутсорсинг е најголемата неутрална професионална асоцијација посветена исклучиво на аутсорсинг, составено од повеќе од 70.000 професионалци ширум светот. Институтот обезбедува информации, врши истражувања, креира можности за вмрежување и нуди прилагодени аутсорсинг решенија на индустријата. За повеќе информации, посетете ја страната: www.outsourcing.com.

Претходна статијаСега може да ги користите Google Maps да видите колку време се чека во вашиот ресторан
Следна статијаАвтомобилите на Waymo вртат по улиците без возач зад воланот