жени во ИТ, сексизам

Последниве две години во САД дефинитивно ги одбележаа бројните жалби на жени по повод сексизам на работното место. Станува збор за различен профил девојки кои доаѓаат од различни средини. Како поинтересни скандали беа случаите со атлетичарките од USA Gymnastics, како и бројните скандали со Харви Вајнштајн меѓу другите. Сите овие случувања го покренаа #MeToo движењето кое брзо се рашири насекаде низ Америка и светот.

Ова покренува и други интересни, тесно поврзани прашања. Ние, кои ги читаме овие новости, треба да се осигураме дека е посветено внимание на вистинските проблеми. Тоа е наша одговорност како совесни интернет корисници.

Всушност, алудирам на еден многу горлив проблем – вработување на жени. Особено на жени од ИТ струката. Интернетот е преполн со најразлични искуства и мислења на оваа тема, но ние сепак не треба да се повикуваме на “аргументи” од типот:

Не треба да ги намалиме нашите стандарди при вработување!

Според последните статистики само една од десет кандидати е жена. Тоа се должи на многу подлабок проблем, кој накратко сумиран во едно прашање е:

колкав е бројот на жени кои студираат компјутерски науки и инжЕнерство?

Според овој Медиум пост, како што алудирав, не треба да не загрижува бројноста на жените во ИТ секторот. Напротив, она на кое треба да работиме е процесот на мотивација. Треба да ги охрабруваме уште од мали да учат ИТ и да повеќе да бираат вакви студии на факултет. Нешто слично предлагаат и TechCrunch и Entrepreneur.

Важно е да се напомене дека сите овие анализи и извори кои ги наведуваме доаѓаат од жени кои имале лични проблематични искуства.

Сепак, луѓето обично се повикуваат на два аргументи кога треба да се одговори на ова прашање. Првиот е дека жените биолошки се предодредени да бидат полоши инженери. Вториот, а воедно и поинтересен аргумент што го слушам, е дека жените имаат тенденција брзо да даваат отказ. Тоа се случува, бидејќи непосредно по вработувањето, се соочуваат со сексизам на работното место.

Што мислите вие на оваа тема? Дефинитивно е добро прашање за размислување.

Пишете ни во коментар.

Претходна статијаLibreOffice 6.0 го предизвикува Microsoft Office
Следна статијаNintendo го носи Mario Kart во мобилна верзија