Замисли дека се наоѓаш во судница. Десно од тебе се наоѓа робот. Судијата не може да ве види, ниту тебе ниту роботот. Тој треба да погоди кој од вас двајца е човек, а кој робот. Ќе преживее само оној кој ќе биде посочен како човек.

Од тебе и од роботот се бара да кажете по еден збор. Откако ќе ве ислуша, судијата ќе одлучи кој ќе преживее.

Звучи како интересна премиса за научно-фантастична приказна. Но, ова сценарио е дел од истражување на научници од САД кои го создале т.н. „Минимален Турингов Тест“ за да ја утврдат перцепцијата на испитаниците за една работа: што е она што не прави….луѓе.

Во доба во која редовно сведочиме како роботите учат да скокаат, трчаат, отвораат врати, совладуваат шаховски велемајстори и да прават др. подвизи кои се сметаа како ексклузивни за човечкиот род, тоа и не е лоша идеја.

Етичноста на тоа да се дозволи еден судија да одлучува за животот на некој човек според тоа кој збор ќе го каже тој човек е во секој случај сомнителна. Но, овде се работи за психолошки експеримент, а не за варијација на познатиот Турингов тест (создаден со цел да ја тестира способноста на компјутерите да размислуваат како луѓе).

Во нивната симулација учествувале речиси 1000 луѓе. Секој од нив требало да каже по еден збор. Испаднале нешто помалку од 450 различни зборови (има помалку зборови од испитаници поради тоа што добар дел од нив кажувале ист збор).

Потоа, друга група на доброволци оценувала парови од овие зборови, и проценувале кој збор потекнувал од човек, а кој од робот (иако сите зборови биле кажани од луѓе).

Тие го сметале како „најчовечки“ англискиот збор “poop”. Ете, сега знаеме кој збор ќе ни го спаси животот ако се најдеме во слично сценарио.

Но, одговорот сега го знае и вештачката интелигенција. Најдобро е да смислите алтернатива на зборот што прво ви текнал.

Претходна статијаFirefox Monitor – проверете дали вашата имејл адреса е дел од некој хакиран сервис
Следна статијаПовик за учество на глобалниот хакатон IEEExtreme 12.0