Од самиот зачеток на Биткоин до денес се случуваат големи моменти за релативно кусо време (сепак, станува збор за развој на целосно нов концепт на монетарен систем – развојот на TCP/IP е всушност почнат уштево раните 60ти за дури триесет години подоцна да имаме, барем америте, интернет!).

Во прилог ги презентираме поважните датуми за Биткоин со кус коментар за нивното значење.

  • 05 април (1975 година): Симболичен роденден на креаторот на Bitcoin, Satoshi Nakamoto. Имено, крипто заедницата верува дека Satoshi, барем симболично, е роден на 5-ти април. На овој датум, во 1933 година, Рузвелт, тогашен претседател на САД, објавува извршна наредба со која се конфискува златото на американците и станува сопственост на централната банка. Во 1975 година пак, граѓаните повторно добија право да поседуваат злато.
  • 31 октомври (2008 година): Годишнина од објавата на Satoshi Nakamoto на White Paper-от “Bitcoin: A Peer-to-Peer Electronic Cash System во кој објаснува како „чиста peer-to-peer верзија на електронски кеш ќе овозможи директни онлајн плаќања од еден кон друг субјект без посредство на финансиска институција“.
  • 03 јануари (2009 година): Годишнина од Genesis блокот. Многу набрзо по објавувањето на white paper-от, на овој датум Satoshi го „копа“ првиот блок на биткоини (Genesis block, или блок бр.0), со награда од 50биткоини. Блокот е придружен со порака со политичко значење: „The Times 03/Jan/2009 Премиерот соочен со втор спас на банките“.
  • 22 мај (2010 година): Првата пица купена со биткоини. Всушност, станува збор за две пици од Papa John купени од Laszlo Hanyecz од Флорида за 10,000 биткоини. Денеска овие биткоини вредат десетици милиони долари, но во 2010 на Laszlo ова му изгледало на добар дил.  
  • 01 август (2017 година): Раѓањето на Bitcoin Cash (Bitcoin Cash hard fork). Oва случувања бара посебен пост, но накусо, станува збор за војна на концепти како да се развива Биткоин во иднина. Станува збор за фундаментални разлики, по што следуваше поделба на протоколот и нова криптовалута, BCH односно Bitcoin Cash. 
  • 24 август: SegWit ден: Денот на upgrade на протоколот Segregated Witness. Станува збор за протокол (процес на комуникација) развиен од програмерот Pieter Wiulle во 2015 година кој иако првичната намена беше да се корегира баг во кодот од техничка природа, сепак крајниот ефект е да се намали „тежината“ на трансакциите со што се зголемува капацитетот на Биткоин системот (во рамките на лимитот од 1МБ блокови може да се интегрираат поголем број на трансакции). За подетално објаснување видете тука.

Од година на година верувам дека оваа листа ќе се проширува со значајни моменти и е далеку од исцрпна, но за старт е добро секој крипто ентузијаст да ги знае овие датуми.

Претходна статијаЕден сребрен и два бронзени медали на Балканската олимпијада по информатика, и два бронзени медали на Јуниорската балканска олимпијада по информатика
Следна статијаWindows 10 October 2018 Update ќе биде името на наредната надградба на оперативниот систем?