Пред да го објавиме третиот дел од серијалот текстови за токени (покрај дел 1 и дел 2), важно е накусо да продискутираме дали воопшто македонските граѓани имаат право да учествуваат во ICOs, т.е. дали им е забрането да купуваат токени.

Потенцираме дека ова не е ниту финансиски совет, ниту пак официјално правно мислење. Криптовалутите, блокчеин технологијата, токените, паметните договори, односно генерално крипто светот е новина на глобално ниво, а камоли за Македонија. Наша желба е да отвориме дебата да ги дискутираме потенцијалите и ризиците на овие теми. А најдобро се учи преку пракса.

ОК, дали смееме да учествуваме во ICOs?

Во еден од претходните текстови, спомнавме дека се што е поврзано со крипто би требало да важи уставното начело „во Република Македонија слободно е се што со Уставот и законот не е забрането“. Дел од земјите во кои има бан на инвестирање во токени постои конкретно законодавство со кои се забранува или регулира кои и како смеат да купуваат токени. Кај нас законодавството се’ уште не ги адресира токените и криптовалутите на ниту еден начин. Следствено, купувањето токени е „сива правна зона“ која согласно горната максима (би требало) да НЕ Е забрането.

Сепак, важно е да истакнеме дека согласно Законот за девизно работење забрането е вложувањето во хартии од вредност во странство. Еден мал дел од токените (т.н. security tokens) најчесто, во зависност од конкретните специфики, се сметаат за еден вид на хартии од вредност, па по оваа аналогија истите би требало да се избегнуваат без разлика што нашето законодавство не ја уредува оваа материја. Добрата вест е што повеќето токени (од етер до останатите) не спаѓаат во оваа категорија, туку се utility tokens.

Претходна статијаMozilla го претстави Thunderbird 60 со ново лого, нов дизајн и повеќе нови функции
Следна статијаSamsung денеска го одржува својот Unapcked настан на којшто ќе биде претставен Galaxy Note 9