Понеделник: за почеток на неделата, Писмото од Џеф Безос до акционерите од оваа година (Amazon Annual Letter to shareholders). Безос се фокусира на неколку принципи поврзани со „високи стандарди“ на работење и квалитет.

Интересно е што Безос во сите годишни обраќања до акционерите го „атачира“ првото писмо од 1997 година, со цел да ги потсети своите акционери од каде почнаа.

Вторник: Monopoly without a monopolist – an economic analysis of the Bitcoin payment systemистражување од централната банка на Финска. Иако целата анализа е одлично четиво, заклучокот не штеди позитивни зборови: „Биткоин не е регулиран. Не ни може да се регулира. Патем, нема потреба, бидејќи е систем изграден врз протокол“as is” … Дизајнот на Биткоин како економски систем е револуционерен и го заслужува вниманието на економистите дури и да не беше функционален. Неговата функционалност и корисност претставува дополнителен мотив за економистите да ја изучуваат неговата брилијантна структура.“

Среда: за среда нешто поспекулативно – два текста од филозофот Nick Bostrom, еден од највлијателните млади футуристички мислители (The Simulation Argument, во кој Nick објаснува колку е веројатно да живееме во компјутерска симулација или A History of Transhumanist Thought, кој е од 2005 и треба да се ревидира но е сосема ок четиво за луѓе кои сакаат подетално да навлезат во темата).

Четвртокодличен текст за вредноста на Биткоин (Bitcoin Value is Indestructible Regardless of Price). Од 2015 година. Авторот објаснува зошто „откако еднаш ќе се разбере, станува очигледно дека ниту едно друго средство, дали е акција, валута или средство, има или имало, силни инхерентни „фундаменти“ како Биткоин“. Прочитајте во текстот за што точно станува збор. Сличната поента ја презентирав во претходен пост.

Петок: одлично интервју со Сем Питерсон, еден од креаторите на open-source проектот OpenBazaar. Станува збор за децентрализиран е-пазар на кој (ќе) може секој да продава/купува се и сешто, користејќи биткоини. Пред извесно време добија сериозни средства да работат на проектот full-time. Како што објаснува Сем, бидејќи станува збор за децентрализиран проект по линијата на Биткоин, „нема трета страна во средина, нема fees, нема собирање на лични податоци, и нема цензура на трговија“. Exciting!

Викенд: за ова ќе ви треба малку повеќе време, така да, оставам цел викенд (и така ќе биде лошо времето) – водич за онлајн бизнис, на @SlavkoDesik, наш млад претприемач. Станува збор за сериозен документ кој ги покрива сите аспекти од онлајн бизнисот од човек кој е дел од оваа сфера. За секој кој е заинтересиран или веќе навлезен во е-бизнис, овој водич ќе му биде добредојден. 

Цитат за крај: 

Слободата е убава чудна работа.

Еднаш кога ќе ја искусиш, останува во твоето срце, и никој не може да ти ја одземе. Тогаш, како поединец, можеш да бидеш помоќен него цела држава“

– Ai Weiwei, уметник од Кина и активист за човекови права, особено слобода на изразување

Претходна статијаНово одлично истражување за важноста на финансиската приватност
Следна статијаSamsung го претстави првиот смартфон со Infinity-O екранот
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.