Понеделник: за почеток на неделата, интересен текст за иновативниот бизниз со рентање електрични скутери (Electric Scooter Charger Culture is Out of Control). Ако сте размислувале за овој бизнис сигурно сте се прашувале како функционира работава со елек.скутери – како не ги крадат, кој се замара да бидат достапни постојано и сл., текстот дава одговори. Не е лесен бизнис. Тешко дека би функционирал кај нас. :(

Вторник: реакцијата на МАСИТ – бизнис комората на ИТ секторот во врска со даночните реформи и економските политики на владата. Добро е што коморите се подразбудија. Би ја издвоил оваа изјава од директорот на МАСИТ, Анита Н. Бундовски:

ИТ секторот вработува околу 13.000 луѓе и во државниот буџет придонесува со даноци повеќе и од земјоделието, и од текстилната индустрија која што вработува 40.000 луѓе.

Нашето учество во БДП е околу 8%, а не користиме никакви субвенции, ниту пак некогаш сме барале. Само бараме да не ни се одмага, кога веќе не ни се помага.“

Среда: ако сте фан на Џордан Питерсон, овој малку подолг осврт и критичка евалуација на неговиот придонес во  психологијата и книгата „12 правила…“ е добар read за средина на неделата. Ако сте повеќе па по podcast содржина, новото гостување на Питерсон кај Роган е одлично.

Четврток: малку поинаква тема од технологија, но актуелна – за Венецуела. Македонија има склоност кон социјалистички фантазирања, па еве еден краток текст кој ги одговара сите тези зошто Венецуела се распаѓа по сите ќошиња (Venezuela Campaign – 10 fallacies about the situation).

Петок: да се вратиме во светот на технологијата. Wired има одличен текст за т.н. Reverse Network Effect – ефект кога социјалните мрежи губат на популарност како се зголемува бројот на корисници преку зголемување на noise со што корисниците почнуваат да имаат полошо корисничко искуство од претходно. Одлично контраинтуитивно размислување бидејќи токму т.н. network effect („сите се на Фејсбук, морам и јас“) е еден од главните елементи преку кои социјалните мрежи го освојуваат светот.

Викенд: за крај на неделата, серијал есеи за правата во пост-човекот свет. Интересни тези – од тоа дека потребно е либералниот свет да заземе јасни ставови за вештачката интелегенција и роботите односно да направи дистинкција помеѓу човек и робот; до тоа дека човекот има само една опција – to go full cyborg. Забавни есеи за викенд.

Претходна статијаКритиките за еколошкиот ефект на Биткоин се фејк?
Следна статијаРСБСП со апел до младите возачи: Почитувањето на сообраќајните правила не е право на избор. Затоа, без изговори #Вози одговорно
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.