Понеделник: за почеток на неделата, еден од најчитаните текстови од American Institute for Economic Research – Everyone is Missing the Point of 3D-Printed Guns на Џефри Такер. Поентата на текстот е всушност summary на што претставува новата технологија во однос на обидот на елитите за политичка и општествена контрола. Ја живееме најголемата мирна (р)еволуција која ќе промени се. Историјата ќе се дели на периодот до 2009 и пост 2009, кога се подлабоко „зацапуваме“ во информатичко општество – а информацијата не се контролира така лесно.

Вторникцелото интервју на Елон Маск на Recode. Човекот имаше луда 2018 година („остарев за 5 години најмалку“), и со Тесла и со Спејс Х. Има интересни делови – од неговиот став за користење на Твитер, до лажните (или, поточно, мрзливите) вести, па се до зошто е толку посветен  на неговите компании (не е само за пари и профит, иако и тоа се легитимни цели).

Среда: за средина на неделата нешто надвор од тема технологија – What’s required to finance roads, schools & healthcare од Даниел Мичел. По смената на власт, често го слушаме муабетот од лево-ориентирани економисти како мораме да плаќаме повисоки даноци ако сакаме подобро здравство, патишта или образование. И во оваа дебата често не споредуваат со високо развиени западни земји. Но, има и високо развиени (не-западни) земји кои имаат одлични јавни услуги со многу помала држава од нашата. Прашање е на ЕФИКАСНО управување со јавните пари. Ништо друго.

Четвртокпак нешто од друга тема – овој пат, медицина. Прочитајте го овој одличен (LR;DR) текст на Wired за овогодишниот нобеловец по медицина и неговиот breakthrough во борбата против ракот. Ќе добиете малку осет како функционира светот на научниците, каков прогрес е направено во можеби најважната борба на денешницата (особено пост 2015) и колку САД е 100 години пред сите останати. Надеж има. Огромни средства последните години повторно се слеваат во ова поле.

Петок: да се вратиме во крипто светот. Пред некој месец, на 10годишнината од објавата на White paper-от на Сатоши Накамото, проф. Џозеф Боне објави интересна анализа на револуционерниот документ – What Bitcoin’s White Paper got right, wrong & what we still don’t know.

Викенд: за крај на неделата, препорачуваме нешто полајт – документарец. Малку постар, од 1972 година. Станува збор за документарецот Future Shock базиран на истоимената книга од футуристот Алвин Тофлер. Наративот е на легендата Орсон Велс. Малце трипи и олд скул, бајаги алармистички, ама it is good 40-minutes weekend fun.

Претходна статијаLenovo најави смартфон со 12 GB RAM и систем за „лизгање“ на камерата и другите сензори
Следна статијаПрепорака за филм: You were never really here (2017)
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.