Политика … политика … работа … Фејсбук … Твитер … спорт … секојдневно бомбардирање со информации. Човек мора да одмори малку.

Станд-ап комедија е една од подобрите gate-away забава и релаксација. Иако добар комедијант (или комичар е поточен збор?) е одличен критичар на секојдневието и политичките баналности (нема бегање од „политичкото“). Затоа и ретко кој е левичар (левичарите, генерално, се сфаќаат себеси премногу сериозно).:)

Еве ги моите топ 3 стенд-ап легенди vs. топ 2 newcomers.

1 – Bill Burr

Најверојатно моментално најпопуларниот лик на стенд-ап сцената во САД – и глобално – Бил Бур е вистинска легенда. Со кариера од 1992, човекот е машина – работи деноноќно со стенд-ап настапи, има неделен подкаст и свој анимиран ситком на Нетфликс (F is for Family).

Taste of Burr

2 – Бил Хикс

Бил Хикс е одамна починат (прерано, во 1994 на само 32 години – од рак на панкреас). Не е за секој. Често циничен и со темен хумор, шегите и филозофиите на Бил Хикс се на „друго ниво“ (да, знам, звучи ова pretentious). Без разлика, Хикс е легенда со тон настапи позади него. The guy was brilliant. И нема никогаш да биде заборавен.

Не е баш комедија – но е едно од моите омилени видеа од Бил Хикс.

3 – George Carlin

Џорџ Карлин (1937 – 2008) е household name, легенда бр.1. Според многумина, Карлин е највлијателен комичар во историјата на стенд-ап. Патем, неговиот стил на еден вид на „критичка политичка комедија“ има огромно влијание врз секој во овој свет.

Малку критика за еколозите и сите што го „спасуваат светот“

Кои се нови интересни ликови кои ветуваат?

1 – Daniel Sloss

Млад лик од Шкотска, Даниел Слос привлекува сериозно внимание во светот на комедијата. Доста мрачен на моменти – особено кога зборува за неговата почината сестра – Слос е препознатлив по што сака да зборува за „табу теми“ (теми кои создаваат ептен awkward моменти кога не знае човек како да реагира).

2 – Мо Амер

Мохамед Амер е „предгрупа“ на уште една легенда – Дејв Шапел. Ова кажува многу. Воглавно зборува за имиграција, дискриминација и слични теми, но од свежа перспектива која ротира околу неговиот живот. Тој е луд – бегалец од Кувајт, живеел во Британија, па се преселил во САД (после 20 години добива државјанство – или уште го чека, не се сеќавам).

п.с. Special mention goes for Адам Сендлер. И да не гледате ништо од него, овој преубав трибјут за Крис Фарли не се пропушта. Морници и солзи.

It takes a good comedian to make you laugh but it takes a greater one to make you cry
(коментар на YouTube)