Пред некој ден прочитав интересна листа од блогот FutureWarStories на топ 25 воени сцени од научно-фантастични филмови. После ми текна дека во последно време имам изгледано доста интересни (а не-толку популарни филмови) кои имаат епски тепачки сцени (не воени, туку хардкор тепање).

Еве топ 10 листа. Сцените се нереално добри.

1. Ханибал и Вил vs. Долархајд

Ханибал ми е во топ 3 омилени серии. Секоја епизода изобилуваше со феноменални сцени и неколку епски тепачки. На пример, Ханибал против Џек е лудило.

Сепак, режисерот ни го остави најслаткото за крај. Финалето и крајната тепачка каде што Вил ја прифаќа својата природа и заедно со Ханибал се тепаат против Долархајд е … без зборови. Епска.

 2. Тепачката во возот во Snowpiercer

Snowpiercer е возбудлив пост-апокалиптичен СФ филм каде што светот е целосно уништен од експеримент за спас од климатските промени отишол во погрешна насока. Останува една шака луѓе во воз кој има сериозна хиерархија и (би требало) да претставува критичка опсервација не само на капитализмот туку на човечката природа. Highly recommended. И најверојатно ја има најдобрата тепачка во воз на филм. :)

 3. Тепачката во лифт во Drive

Drive е преубав филм кој има одличен саундтрак, покрај другото. Полн со насилство и тажна порака дека не е така лесно да избегаш од минатото. Прв бакнеж во лифт – брутална тепачка во тесно – раскинување инстант.

4. Финалната тепачка во Hardcore Henry

Hardcore Henry е исход на руско-американска соработка и 2 саати брутална акција. Хардкор. Иновативноста е што е цел филм снимен од person-of-view перспектива. Многу солиден филм. Pure family fun.

5. Тепачката во влез во Oldboy

Oldboy е корејско брутално ремек дело (никако да се троши време со американскиот римејк!). Одмазда, mind fuck, заробеништво со години. Еден од омилените филмови. Познат и по инвентивно изрежирана тепачка во ходник од зграда. Уживајте.

6. Војната против машините во Edge of Tomorrow

Edge of Tomorrow со Том Круз е еден од топ 10-те СФ филмови во последните 10 години. Војната против машините во постојан loop e must-watch за секој фан на научна фантстика.

7. Сите тепачки на Constantine со зверови од подземјето

Constantine со Киану Ривс е pure-fun приказ на религиската борба помеѓу доброто и злото. Константин се тепа со се и сешто, вклучително и сопствените внатрешни битки.

8. Последната тепачка во Charles Bronson

Филм со Том Харди. Го глуми ликот и делото на Бронсон, човек-снага со краток фитиљ, кој пола од 30годишната затворска казна ја поминува во самица бидејќи успева да се разбере со сите само со тепање. Крајот го краси делото. Според вистинска прича.

9. Fight Club

Традиционално, од тука почнаа филмовите да внимаваат повеќе на тепачките.

[следува голем spoiler]

10. Крајот на Cloverfield Lane 10

Одличното продолжение на Cloverfield (за разлика од тешкиот промашај со последниот дел). Суспензија до крај. И епска битка.

Претходна статијаFacebook Messenger ја доби функцијата за бришење на испратените пораки
Следна статијаFacebook ќе почне да ни прикажува кој ги има нашите контакт информации за рекламни цели
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.