Еден вид на оксиморон е да се рече дека сите битки за иднината на државите ќе се водат на полето на технологијата. Иако технологијата е алатка, а не решение на проблемите само по себе, забрзаната дигитализација на секојдневието и развојот на вештачка интелегенција радикално ќе го сменат општото битисување.

Во голема мера, иако војната ќе се води помеѓу фирмите на глобалниот пазар, победниците ќе бидат оние кои Државите ќе имаат попаметен пристап и политики кон технологијата. Впрочем, станува збор за генерално два пристапи:

  • конзервативен (т.н. precautionary principle based), односно одредена иновација ќе биде одобрена само доколку се докаже со голема сигурност дека нема да наштети на никому. Овој принцип генерално е префериран во Европа, и
  • либерален (т.н. permission-less innovation approach) што е обратен концепт, односно дека генерално секоја нова идеја треба да биде дозволена по дифолт освен ако не се докаже дека нејзината примена со голема веројатност ќе нанесе сериозна штета. Овој принцип е генерално префериран во САД и дел од про-западните азијски земји (С. Кореја, Јапонија, Тајван, Хонг Конг…).

Неодамна, Адам Триерер, економист во Центарот Меркатус на Универзитетот Џорџ Мејсон, објави интересна книга – Permission-less Innovation: The Continuing Case for Technological Freedom. Централна тема на книгата е токму прашањето дали технолошките иноватори и пионери треба да бараат дозвола од Државата пред да ги лансираат своите производи.

Триерер објаснува дека пристапот на многу техн. пионери денеска е прво да почнат со работа, да покажат директно на граѓаните дека им нудат подобрување на услугите на еден релативно безбеден начин, па после да се соочуваат со законите и политичарите. Марк Зукерберг, Тревис Каланик (Uber), Брајан Чески (AirBnB), Сем Алтман (OpenAI), Логан Грин (Lyft) и многу други се „евазивни претприемачи“ (evasive entrepreneurs) – иноватори кои не секогаш работат во рамките на социјалните норми или „кои стратешки работат во сива зона на легалност или го кршат законот се додека не го променат“.

Како што објаснува Триерер,

Техн. пионери го искористуваат развојот на разни слободарски технологии (паметни телефони, социјални мрежи, криптовалути, 3Д принтери, виртуелна реалност, дронови, итн.) и бавноста на Државата да фати чекор со новата технологија, за да создадат иновативни производи и услуги или да живеат онака како што избираат. Овој феномен можеме да го наречеме „технолошка граѓанска непослушност“.

Техн. иноватори мора да имаат генерално слобода да иновираат без премногу ограничувања, особено од политичари и регулатори кои не ја ни разбираат (се’ уште) областа. Без разлика на (disruptive) ефектите врз цели индустрии и начин на живеење, секоја иновација треба да биде дозволена, по дифолт. Државите треба да ги менуваат законите и да ги акомодираат иновативните биниси – а не да го користат статус-квото за да оневозможат иновативни промени.

Претходна статијаКонцепт на File Explorer редизајниран со Fluent Design изгледа одлично
Следна статијаСамсунг најавува нови “Q“ серија „саундбари“ оптимизирани за QLED телевизори
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.