Аспри се смета како еден од првите „биохакери“. Биохакинг (bio-hacking) е култура која се прошири низ САД во последните две децении. Биохакерите си поигруваат со своето тело и ум со цел да ги подобрат нивните функции и да водат подобар и поздрав живот.

Неговата компанија (Bulletproof) се залага токму за овие вредности. Приказната на Аспри е следна: во неговите дваесетти се чувствува заморено, без енергија, со 50 килограми вишок на себеси. Нема веќе фокус ниту концентрација. Вложува 1 милион долари во утврдување и надминување на сите проблеми кои го нарушуваат неговото физичко и психичко здравје.

Денес, тој има 45 години и никогаш не се чувствувал подобро. Има 9.6 проценти на телесни маснотии и речиси никогаш не се чувствува уморно.

Ова се неговите топ 5 совети за подобар живот. Вреди да се ислушаат и применат.

Ладни тушеви

Постојат многу информации за полезноста од туширање со „грч“ ладна вода. Се намалуваат симптомите на депресија, се подобрува имунитетот и расположението. Помагаат при полесно заспивање. Редовно се туширам на овој начин и можам да кажам дека после ладен туш забораваш на уморот и добиваш инстантен буст на енергија и фокус.

Првите денови кога ќе го пуштиш тушот на најладно ќе посакаш да те полеат со лава, но после неколку денови станува многу полесно.

Наизменично постење (Intermittent fasting)

Сме пишувале на оваа тема и претходно. Постење е неверојатен „хак“ за губење на вишок килограми и зголемување на концентрација и начинот на кој работи нашето тело. Почнете со прескокнување на појадокот. Потоа можете да практикувате некои од најпопоуларните методи на наизменично постење, како 16:8 методот.

Немој да палиш светло навечер

Зјапање во екран од мобилен или компјутер е погубно за квалитетот на сонот. Но, Аспри вели дека не треба да палиме светло дури и кога ќе се разбудиме за да одиме во тоалет или во кујна да се напиеме вода. Дури и неколку секунди вештачка светлина ќе ни го наруши сонот кога ќе се вратиме во кревет.

Благодарност

Најевтината опција. Аспри секоја ноќ ги прашува своите деца за кои три работи се најмногу благодарни. Ова може да се претерано прости работи, како тоа колку убаво чоколадо сме јаделе денес, колку било убаво сонцето кога сме возеле накај работа и сл. Благодарноста со текот на времето ни го менува светогледот од оној на песимизам и апатија до таков кој ни влева оптимизам за животот.

Претходна статијаСАД забрани транспортирање на литиум-јонски батерии на патничките авиони
Следна статијаMotorola потврдија дека и тие работат на уред со екран кој се превиткува