Thought Catalog / Unsplash

Фејсбук годинава се најде во огромна неволја поради веста дека Кембриџ Аналитика злоупотребувале лични податоци за милиони нивни корисници (околу 90 милиони).

Сепак, деновиве, дел од директорите во Фејсбук, на сослушување пред Европската Унија изјавиле дека податоци за европските корисници „најверојатно“ не дошле во канџите на Кембриџ Аналитика.

Претходно, Фејсбук обелодени дека податоците на околу 2.7 милиони европски корисници најверојатно биле „компромитирани“.

Не е јасно дали во целава ситуација Фејсбук само сака да си го обели образот пред ЕУ (со оглед на жестоките напади под кои се најде од европските законодавци), или ваквите изјави се резултат на длабинска анализа на она што довело до самата злоупотреба на податоците.

Во секој случај, корисниците (без разлика дали се наоѓаат на европско или американско тло) не треба да се „опуштаат“. Фејсбук веќе изгради репутација на климава организација кога станува збор за личните податоци и приватноста на своите корисници.

Оттаму, се’ уште е мудра одлука претпазливо да се обелоденуваат информации за приватниот живот пред своите Фејсбук пријатели, бидејќи на крајот на краиштата, не знаеме кој се би имал пристап до нив.

Елон Маск, говорејќи за проблемите со кои деновиве се соочува Тесла, се повика на изјава на поранешниот извршен директор на Интел (Енди Гроув) „Само параноичните преживуваат“. Се разбира, оваа изјава не треба да се сфати и применува до својата екстрема.

Но, во добата во која живееме, секогаш е добро да се биде претпазлив, дури и на сметка на удобноста која ја имаме кога непречено користиме некои апликации или интернет услуги.

Претходна статијаИнтервју со Петар Лазаров, еден од основачите и авторите на Tip of the Week
Следна статијаНајновата верзија на Instagram донесува видео повици, нов Explore дел и нови камера ефекти