Еден од најголемите предизвици при постоење на огромен број на извори на ставови и идеи (sources of knowledge) е да одбереме луѓе/извори на кои им веруваме. Особено што повеќето од нас се склони кон создавање „ехо комори“ на Интернет – опкружување со луѓе и извори кои ни ги потврдуваат нашите лични ставови. Единствен начин како да се неутрализира овој проблем и да се прошират видици (а да не се губи безначајно време) е ако се следат луѓе и извори на кои им веруваме дека сериозно ја разбираат тежината на opinion maker.

Ова се 5 одлични мислители кои иако тежнеат кон либертаријански светоглед ги исполнуваат овие принципи и вреди да се следат. Има на списокот од луѓе кои се ориентирани кон политика, економија, технологија, лично подобрување, итн.

  1. Nick Szabo. Szabo е про-либертаријанец, криптографер уште од почетоците на т.н. Cypherpunks, правник и еден од највлијателните луѓе денеска во крипто заедницата (патем, ние веруваме дека е и Satoshi Nakamoto himself). Човекот е активен на Twitter и од време на време пишува одлични текстови на неговиот блог (кој се очекуваат со големо нетрпение од многумина), воглавно за пари, крипто и историја.
  2. Nassim Nicholas Taleb. Контроверзен, без влакна на јазик, best-selling автор на неколку хитови на тема ризици и веројaтност (Skin in the Game, Black Swan, итн.). Напаѓа се што е „бела мечка“ – заштитени интелектуалци или институции кои без разлика дали нивните идеи имаат негативни ефекти, не им фали влакно на косата. Освен на Twitter, објавува делови од неговите книги и на Medium.
  3. Jordan B. Peterson. Можеби највлијателниот филозоф на денешницата, Peterson стана ултра популарен откако почна да влегува во сукоб со левичарските политики во Канада и го објавува best-seller-от 12 Rules to Life: Antidote to Chaos. Сепак, неговото влијание е многу поголемо од политиката – воглавно човекот е фокусиран на предавања кои треба да го мотивираат гледачот да превземе одговорност за сопствениот живот. Неговите YouTube видеа се огромен хит.
  4. Matt Ridley. Ridley има пребогато CV за да може да се опише на кратко. Човекот беше со години главен уредник за наука во најверојатно најдоброто списание во светот, The Economist. Неговите книги се преведени на над 30јазици; има познат TED говор „When Ideas have Sex” кој вреди да се погледне. Ridley е фокусиран воглавно на теми како спонтан поредок, еволуција, и особено е настроен против дел од хистеричните идеи на еколозите.
  5. Tyler Cowen. Cowen е еден од највлијателните економисти во последните 10-тина години (а не толку познати, барем надвор од САД). Човекот е на широко почитуван од голем број влијалтени и оригинални мислители денеска (од Malcolm Gladwell до Seth Godin) бидејќи е внимателен „политички економист“ кој со должна почит настапува кон секоја идеја. Води познат блог веќе подолги години, Marginal Revolution a лично јас го следам на Bloomberg (патем, има текст и за Македонија!).
Претходна статијаWindows 10 April 2018 Update станува достапна од понеделник 30-ти април
Следна статијаОколу корисноста и токсичноста на друштвените медиуми