Периодов често може да се прочита или види нешто поврзано за Џордан Питерсон. И со право е така. Човекот е светло во интелектуалниот мрак кој е присутен во САД каде што се задушува слободниот говор на сметка на повредени чувства.

Каде што некои професори ги отпуштаат поради нивните „контроверзни“ мислења.

Каде што компании кои продаваат жилети држат лекции против „токсична машкост“.

Каде што асоцијацијата на психолози (APA) се изјаснува дека „традиционалната машкост“ е „психолошки штетна“.

Каде што комичари се товарат за сексизам и хомофобија поради нешто што кажале како дел од својот стендап пред десетина години.

Можам лесно да наведам уште дузина примери, но тоа ќе ме оттргне од целта да претставам некои ликови (кои не се Џордан Питерсон) што ја збогатуваат јавната дебата. Ликови кои не се плашат да ги предизвикуваат општо-прифатените (и некогаш наметнати) ставови во јавноста.

Бен Шапиро (Ben Shapiro)

Ако ви се допаѓа Питерсон, ќе го обожавате Шапиро. Човекот е бестрашен во својата аргументација. Покрај тоа, тој е едноставно гениј.

Кога ќе каже нешто, се гледа дека доаѓа како последица на длабоко размислување и истражување на се што постои како податок на темата за која зборува. Непобедлив е во дебата, токму од горниве причини.

Поради неговите отворени ставови за чувствителни теми, тој повеќе пати бил спречен да држи говори и предавања на повеќе универзитети низ САД. Поради протестите на студенти од универзитетите кои ги посетува, тој сега патува низ кампусите со приватно обезбедување.

Гад Саад (Gad Saad)

Уште еден претерано интелигентен човек кој на смирен и аргументиран начин ги деконструира случувањата на социо-политичката сцена во САД.

Тој на својот Јутјуб канал претежно говори за еволутивна психологија и политика и ги коментира тековните настани.

За разлика од Шапиро, тој аргументира на поакадемски начин (сепак е професор), и смирено фрла truth bombs од кои секогаш може да се научи нешто ново.

Можеби нема да се согласите со сите нивни ставови (големи се шансите дека нема). Меѓутоа, доколку се потрудите да ги ислушате и да ги разберете нивните зборови, ќе сфатите дека вистината е понекогаш заматена – барем како што е претставувана во мејнстрим медиумите.

Претходна статијаWhatsApp го ограничува бројот на препраќања на пораките во борба против дезинформации и гласини
Следна статијаФранција со казна од 50 милиони евра за Google поради непочитување на GDPR