The Last Watch е љубовно писмо до сите оние што беа вклучени во креирањето на Game of Thrones. Документарецот ни покажува страна од продукцијата на серијалот што досега немавме шанса да ја видиме. Нема многу должење за плотот од финалната сезона, ниту пак ги гледаме многу креаторите Дејвид и Ден. Два часа се посветени само на шминкерите, костимографите и другите лица што р’мбале ден и ноќ за да направат серијата да изгледа така како што изгледаше.

Реакциите на глумците кога го читаат сценариото

Покрај тоа што фокусот е на работниците, можеме да видиме пар сцени во кои главните актери читаат делови од сценариото. Еден таков момент е кога Варис го чита делот каде што е осуден на смрт од Даенерис поради предавство. Неговата реакција е бес, при што го фрла сценариото пред себе во неверување. Не сум сигурен дали го прави тоа од што е изненаден, или нервозен поради смртта на неговиот лик. Можеби двете?

Друг интересен момент е кога Кит Харингтон (Џон Сноу) го чита делот каде што тој ја убива Даенерис. Реакцијата на Кит е вџашеност. Тој е преплавен со емоции од она што го чита. Кога сме кај Кит, се гледа колку бил емоционално вложен во серијата и неговиот лик само од неговиот говор по неговата последна снимена сцена, прикажан во документарецот.

Ендру Меклеј, Stark guard

Меклеј е главната ѕвезда во документарецот. Тој веќе пет години работел на шоуто како статист, толкувајќи улога на чувар во гардата на Старкс. Тој е спобудален по серијата и книгите (вели дека ги читал книгите кога имал 13 години) и е радосен како мало дете што има шанса да биде дел од тој универзум. Неговата интеракција со Кит Харингтон околу јакната која му ја подарил е прајслес.

Имале и човек задолжен само за снег

Последната сезона во голем дел е снимена во Белфаст, Северна Ирска. Регионот каде што снимале не гледа многу снег во текот на годината. Поради тоа, имале човек задолжен за внесување снег во сцените (Head of Snow). Во една сцена, документарецот ни покажува дека навистина заврнало снег, што многу ја отежнува неговата работа да посее лажен снег по земјата.

Владимир Фурдик, Ноќниот Крал

Фурдик е глумецот кој го толкуваше Ноќниот Крал во последните две сезони. Но, тој не почнал во серијата со овој лик, туку како координатор на сцените со борба (stuntman). Во документарецот гледаме како се справува со неговата двојна улога. Тој вели дека е благодарен што каде и да оди не го препознаваат како што ги препознаваат Харингтон и другите ѕвезди. Дознаваме и дека Фурдик е прилично лабав и духовит човек.

Тимот задолжен за простетика

Показател за жртвата на дел од работниците е тоа што парот кој го раководел тимот за простетика работеле ден и ноќ со месеци без да ја видат својата 3-4 годишна ќерка. На крајот нивната ќерка пристигнува на сетот и се појавува во последните моменти од серијата како Wildling.

The Last Watch мора да го гледа секој што е навлезен во серијата. Само споредбата со читањата од прва сезона во споредба со последната е доволно за да ве фати носталгија.

Претходна статијаApple го претстави watchOS 6 со нови апликации и продавница директно на самиот часовник
Следна статијаНеоком стана „Златен партнер“ на Dell EMC