Некој ќе каже нешто лошо за нашата фризура, за нашиот физички изглед или за карактерот, и одеднаш нашиот ден се претвора во катастрофа. Кога читаме или гледаме политички кампањи, оние кои напаѓаат ни оставаат поголем впечаток од оние што се неутрални.

Можеби денот на работа ни бил беспрекорен, но се што е потребно е шефот да искоментира нешто негативно за нашата работа за ние да се почувствуваме безвредни. Познатиот економист Даниел Канеман (Автор на Размислување: Брзо и Бавно) спровел експеримент во кој учесниците требало да замислат како изгубиле 50 долари, но и како се здобиле со 50 долари.

Иако сумата е иста, тие многу повеќе реагирале на помислата дека ги изгубиле тие 50 долари. Негативното чувство кое се појавува како последица на некоја загуба е далеку посилно од позитивното чувство кое се појавува кога добиваме нешто.

Зошто е тоа така? Од проста причина што мозокот ни еволуирал да насетува работи кои можат да ни наштетат и да ни сигнализира дека претстои опасност. Тоа е добро во опкружување каде што навистина секојдневно сме биле изложени на ризик по нашиот живот. Но, денеска овој механизам за преживување не е премногу корисен, бидејќи живееме во, повеќе или помалку, мирна и безопасна средина.

Мажите реагираат различно од жените

Иако овој феномен важи еднакво за мажите како и за жените, постои разлика во начинот на кој се справуваат со овие емоции. На пример, мажите повеќе ги манифестираат негативните емоции преку гнев, а жените преку интернализирање на чувствата во форма на депресија или тага.

Image result for negativity bias

Како да се надмине оваа предрасуда? Постојат неколку начини:

Свесност

Кога ќе станеме свесни за нашите негативни емоции, се случува парадокс. Тие исчезнуваат или стануваат безначајни. Кога тие ќе се појават, застанете и прекинете ја шемата на осудување или преанализирање на ситуацијата што ја предизвикала негативната емоција. Трчајте, вежбајте, слушајте музика, медитирајте или правете нешто друго што ве прави среќни.

Благодарност

Тони Робинс вели дека не можеме да бидеме нервозни и благодарни во исто време. Неговата техника на благодарност е следнава: секое утро тој се фокусира на три работи во неговиот живот за кои тој е благодарен. Тоа може да се прости работи („благодарен сум што имам што да јадам денес“) или некои подлабоки што имаат поголемо значење за вас.

За крај, секогаш имајте на ум дека кога некој ве осудува или напаѓа, вие одбирате дали ќе ги уважите тие коментари, или едноставно ќе спречите да ве допрат.

Претходни текстови за когнитивни предрасуди:

Претходна статијаКои се карактеристиките на новиот Samsung Infinity Flex екран и каков уред може да очекуваме идната година
Следна статијаAmazon ја донесе својата Alexa на Windows 10 компјутерите