Блутут секогаш ми бил сомнителен начин за размена на податоци. Дали размената ќе биде безбедна или не секогаш зависи од тоа кој од двата уреди што разменуваат податоци е поранлив од другиот.

Односно, ако еден од уредите е подложен на вируси или хакерски напади, тогаш автоматски обата уреди се под закана од опасност. Всушност, тоа неодамна беше потврдено во истражувањето спроведено од истражувачи од Институтот за Технологија на Израел.

Нивното истражување покажало дека сите безбедносни протоколи кои се вградени во блутут технологијата не ја пружаат соодветната заштита која ја ветуваат.

Оттаму, корисниците кои разменуваат податоци преку блутут се подложни на „man in the middle attack“ при што натрапникот може да ги види и преземе сите податоци кои се предмет на размена.

Истражувањето нуди и решение (patch) кое веќе може да се примени на различни мобилни уреди (како тие на LG и Huawei) а и на повеќето уреди кои користат Андроид оперативен софтвер. Со ова решение, дури и ако еден од уредите не е безбеден, натрапникот не може да ја пресретне размената на податоци.

Интересно е што истражувачите навеле дека блутут технологијата на уредите на Микрософт е уште помалку безбедна од другите уреди.

Во секој случај, и покрај решението кое го нудат истражувачите, мојата препорака е исклучително ретко да разменувате податоци преку блутут. Треба да сте сто проценти сигурни дека вашиот мобилен уред има беспрекорна заштита за да бидете „на раат“ од потенцијални хакерски напади. Меѓутоа, никогаш не можеме да бидеме целосно сигурни дека нашите уреди се максимално безбедни.

Секојдневно читаме информации за безбедносни пропусти и преземање на огромни бази на податоци за корисниците. Во некои од нив беа вклучени и технолошки гиганти како што е Фејсбук.

Оттаму, better be safe than sorry.

Претходна статијаYouTube на десктоп ќе се прилагодува на форматот на видеото и големината на екранот
Следна статијаБатеријата, просторот и перформансите се три карактеристики кои Samsung ги најавува за Galaxy Note 9