Сите овие навики што сакаме да ги стекнеме ќе ги ставиме во листата на резолуции за новата година. Голем дел од нив нема да ги оствариме. Без оглед што секоја година е „годината кога ќе згазиме.“ Теретаната е секогаш полна во јануари. Во февруари има неколку „преживеани“, а од март веќе почнува да се празни.

Кога ќе поставиме премногу цели, постои ризик повеќето да ги промашиме поради тоа што се „расплинуваме“ на сите страни. Во секој случај, ако го следиме советот на Скот Адамс, подобро е да се следи „процес“ отколку „цел“.

Односно, секогаш е подобро да целиме кон „вежбање секој ден“ наместо да целиме кон тоа да „ослабеме 10 кила за еден месец“. На овој начин, секој ден ќе се чувствуваме како да сме победиле.

Како да го следиме нашиот напредок

Еден метод преку кој можеме да ги следиме нашите цели (или процеси) и да го планираме и остваруваме она што сме го зацртале е пишување во дневник. За корисноста на оваа навика е пишувано многу (83 причини можете да најдете овде).

Овде ќе ви предложам два едноставни методи на пишување во дневник кои можат да  го подобрат вашето секојдневие.

Morning Pages

Користејќи го овој метод, секое утро пишувате три страни. Не мора да мислите на посебни теми, едноставно го „истурате“ својот ум на три страници текст. Препорачливо е да го правите ова наутро.

Предноста на овој метод е што ви помага да бидете пофокусирани во утврдувањето на важите цели и желби, и во тоа како го планирате нивното остварување. Кога пишувате на овој начин го разбиструвате вашиот ум, и го замолчувате она внатрешно гласче што ве критикува и што ви кажува дека сте „за нигде“.

5 minute journal 

Идејата зад 5 Minute Journal се заснова на благодарност. Овој метод често го користам и јас. На горниот линк можете да погледнете како да го пресликате овој начин на пишување во дневник.

Јас го применувам следниот, претерано едноставен процес: запишувам три убави работи што ми се случиле денес (или три работи за кои сум благодарен денеска), како и две работи што можеле да го направат тој ден уште подобар за мене.

Оваа навика те тера да се фокусираш на добрите работи што ти се случуваат во животот и да бидеш благодарен за нив. Често се губиме во секојдневните обврски и рутини па не ги забележуваме оние „мали работи“ што не прават среќни.

Потребно е малку труд за да се применува оваа навика, ама payoff-от е неверојатен.

 

Претходна статијаПрепорака за филм: You were never really here (2017)
Следна статијаТри успешни години во Скопје на ИТ компанијата – Мусала Софт