Поминaа десет години од излегувањето на филмот кој го промени начинот на кој се смислуваат и снимаат филмовите за суперхерои. Десет години откако човекот кој го глумеше Џокер, со неверојатна умешност создаде интересен и повеќедимензионален лик што останува ненадминлив и до ден денес. Улога за која постхумно доби и Оскар за најдобра споредна улога.

И покрај повиците за да биде номиниран во категоријата Најдобар филм, Мрачниот витез не ја доби посакуваната (и заслужена) номинација. Но и покрај тоа, неговото влијание врз филмскиот свет е огромно.

Мрачниот витез се бавеше со многу повеќе од обична борба на доброто против злото. Низ филмот се проткаени теми како политичка корупција, лична одговорност, корумпираноста на финансискиот систем и др. „досадни“ теми кои не ги гледаме обработени во други филмови за суперхерои.

По неговиот неверојатен успех (и кај критичарите, и кај фановите, и на бокс офисот) низа режисери се обидуваа да ја пресликаат атмосферата на Мрачниот витез, правејќи ги своите филмови со помрачен тон. Таков беше Man of Steel, а потоа во поголема мера и Batman v. Superman: Dawn of Justice. Меѓутоа, тие филмови беа така скроени (навидум) без некоја подлабока причина освен тоа дека режисерот сакал да направи филм по формула која претходно успеала.

Но, Бетмен против Супермен беше прилично лош филм.  А Мрачниот витез, иако креиран во 2008 година, е еднакво релевантен и денес.

Related image

Постои една приказна која убаво го опишува влијанието на Мразчниот витез. Откако филмот не беше номиниран за оскар за најдобар филм (иако ги имал потребните гласови), Академијата се соочила со многу критики за начинот на кој ги утврдува номинациите. Уште наредната година, Академијата ги смени правилата на игра, и според новите правила, секој филм кој има доволно гласови автоматски мора да биде номиниран.

На еден начин, тоа е уважување на квалитетот и влијанието на Бетмен серијалот на Кристофер Нолан (особено на Мрачниот витез). Хит Леџер беше награден со Оскар, но не доживеа да посведочи на култниот статус кој го стекна неговиот лик, но и влијанието кое се уште го има Мрачниот витез врз уметноста на правење филмови.

Претходна статијаКрипто 101: Што се тоа „паметни договори“? – Дел 2
Следна статијаSamsung Display го сертифицира својот ново развиен „нескршлив“ екран