Ферис и Роуз се другари со години. Едниот добро познат, автор на популарниот серијал книги „4 Hour Workweek/Body/Chef”. Роуз е познат по тоа што е основач на Digg, популарен (барем беше популарен) вебсајт кој го продаде за десетици милиони долари, а во меѓувреме се занимава со инвестирање, поле во кое е прилично успешен.

Двајцата скоро седнаа да разговараат на подкастот на Ферис. Зборуваа за многу теми, и има толку многу што вреди да се отпакува од овој разговор. Препорачувам да го ислушате цел, а овде ќе изнесам само некои работи што ми оставија впечаток.

Една одлука што ќе отстрани 100 одлуки во иднината

  • Во претходниве неколку месеци, Ферис почесто кажува „не“ и развива системи кои му овозможуваат полесно да каже „не“.
  • Тој се прашал себеси следново „Во која област во мојот живот можам да донесам една одлука ќе отстрани стотици одлуки во иднина?“
    • На пример, во 2015 година Ферис се откажа од инвестирање, иако му одело многу, многу добро. Има инвестирано во Еверноут, Убер, па и Фејсбук на времето.
    • Пред некое време, тој се откажа од пишување на изјави/препораки на книги (book blurbs). Пријатели и познаници често му праќаат книги, вака тој се отстранува од правење на одлуки или да ги одбива овие барања. Едноставно, по дифолт тој знае дека одговорот е не.
    • Во 2020, тој одлучи да не чита книги кои се излезени во 2020. Наместо тоа, тој ќе чита книги што го издржале тестот на времето. Така тој се ослободува од притисокот да земе да чита се што ќе излезе.
  • Друго прашање што си го поставил Тим е „Во последнава година, кои нешта ја црпеле мојата енергија? Кои нешта ми давале енергија?“
    • Повеќе време во природа е нешто што му ја покачувало енергијата.
    • Исто и креативна работа наутро. Пред да почне гужвата. Тоа убаво му го сетира денот.

Целите на Кевин Роуз за 2020

  • Се откажал од конзумирање на храна и пијалоци во пластика.
    • Чува храна само во стаклени садови.
    • Престанал да пие од лименки и вода од пластични шишиња.
  • Во нареднава година, тој ќе прави работи за да се приближи до она што го нарекува „Centenerian Olympics“. Односно, сака да живее до 100 години, но квалитетно.
    • Поради тоа почнал да вежба јога и пилатес.

Ова е само капка од тоа што може да се научи од овој разговор. Чујте го, па ако сакате пишете во коментари што ви оставило посебен впечаток.

Претходна статијаВиталиа се приклучува на Nestlé и Danone во борбата со климатските промени
Следна статијаGalaxy Buds+: Променете го начинот на којшто го доживувате звукот