Пред некој ден Здружението на македонски студенти по медицина објавија кратко видео за спроведен експеримент. Станува збор за сценарио во кое дечко и девојка се расправаат каде што дечкото станува насилен. Сето ова се случува во строг центар на градот. Целта на експериментот е да види како ќе реагираат минувачите на ситуацијата и да промовира зголемување на свеста дека насилство врз жена не е ок и не треба да се толелира. 

Како конзервативна средина, дел од коментарите на видеото се дека има жени „што си го заслужуваат ова“. Иако очекувано, ова е контрадикторно на конзервативната идеологија во која жената има можеби традиционална, но СВЕТА улога. Секако, нема никакво оправдување за насилство врз било кој, никогаш (освен во самоодбрана)!. И без разлика што има и луѓе со вакви ставови, останатите од нас – и особено самите жртви – не смеат ова да го толелираат. 

Сепак, експериментот ме замисли – што е најефективна реакција. Да ги разгледаме сите опции на кратко. 

Прво, игнорирање на насилство НЕ Е ок. 

Втората опција ни е да се вмешаме на некој начин. Иако постојат исклучоци, имајте предвид дека директно вмешување најчесто нема да заврши во ваша корист ниту пак во корист на жртвата. Ако се вмешате директно, може да бидете нападнати и вие. Значи, треба да бидете спремни и уверени дека можете да го совладате лесно насилникот. Сепак, инстинктивно, нашата безбедност секогаш ни е на прво место. Дури и да го совладате, имајте предвид дека потоа може да бидете тужени за напад (никој не ве повикал да се вмешате) и голема е веројатноста жртвата да застане на страната на партнерот.

Третото сценарио од оваа алтернатива е дека и да се вмешате и да го совладате насилникот, ова ќе повлече само „освета“ врз девојката откако ќе си заминете. Директно вмешување, најчесто, ве спасува вас себеси од срам (од недејствување) и девојката од јавна незгодна ситуација, но не е решение.  

Приметив дека дел од минувачите застануваат и го снимаат настанот. Ова, паралелно со повик во полиција и викање на насилникот со цел да се одврати од намерата и да се здобие со време дур дојде полиција, ми се чини најпаметна реакција. Има доказ за насилството и работата мора да ја превземат институциите. 

Сепак, и тука има мал проблем. Институциите треба да ја превземат работата, но жртвата мора да побара заштита и да покрене обвинение (иако службите можат најверојатно да покренат обвинение по службена должност). Ова не секогаш е лесно и е потребно да се работи многу во Мк на подигање на свеста дека никој не заслужува да толелира насилство, за било која причина. 

Експериментот е одлична идеја за да се покрене посериозна дебата на оваа тема. Но не смее да остане работата само на муабетење. 

Претходна статијаHuawei го најави Honor View 20 – нивниот прв телефон со предна камера под екранот
Следна статијаWaymo го пушти својот прв комерцијален такси сервис Waymo One во Феникс
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.