Никогаш не знам како точно да го почнам овој текст, па го пишувам она што прво ќе ми падне на ум (оттаму и ова што сега го читате). Нов неделен асортиман на некои од најинтересните работи што ги конзумирав неделава.

Подкаст на неделата

Choose Your Struggle with Joe Rogan (Aubrey Marcus Podcast). Aubrey Marcus е интересен лик на кој случајно (или не толку случајно) наидов сурфајќи по интернетот. Тој често експериментира со исхрана, длабока медитација и води нетипичен живот притоа експериментирајќи и со психоделици (кои наводно премногу му помогнале во животот). Во овој подкаст тој зборува со „кралот на подкастите“ Џо Роган, кој исто така вреди да го следите. Нивниот разговор е одличен. Зборуваат за многу различни теми, но во сржта муабетот се врти околу тоа како тие станале подобри луѓе преку надминување на тешкотиите со кои се соочувале. Според Џо Роган, треба намерно да се трудиме да даваме максимум и да се справуваме со тешкотии во полиња како фитнес или медитација. Односно, да поминеме низ личен „пекол“ во такви околности, за подобро да се справуваме со сличниот „пекол“ во други области, како нашите односи со најблиските.

Песна на неделата

Jenny of Oldstones (не кликај ако ја немаш гледано последната епизода). Ако ја гледавте втората епизода на Game of Thrones, го фативте моментот кога Подрик од никаде почнува да пее. Песната што ја пее опишува личност од историјата (Jenny) на Вестерос која била омажена за познат витез со кој заедно умреле во нивниот замок (изгорел под нејасни околности). Велат дека песната ја претскажува судбината на некои од главните ликови во серијата. Без разлика, феноменална песна и изведба од Подрик но исто така и на Florence and the Machine.

Јутјуб клипови на неделата

Freddy Krueger vs. Wolverine – Epic Rap Battles of History. ERB се дечки што снимаат рап борби меѓу ликови од популарната култура. Едни од најинтересните борби се Дарт Вејдер против Хитлер (има повеќе делови) и Стив Џобс против Бил Гејтс. Абсурден концепт, ама на моменти е пресмешен и многу оригинален. Почнаа со најновата сезона, со борба помеѓу Фреди Кругер и Волверин.

Why You Never Have Enough Time. Mat D’Avella е интересен лик што објавува видеа пробувајќи различни експерименти како туширање со грч ладна вода, станување во 5.00 часот наутро и откажување од шеќер 30 денови. Во ова видео зборува за тоа како (лошо) го менаџираме своето време предизвикувајќи си стрес на себеси. Еден од неговите клучни совети е да се фокусираме само на најбитните ствари во животот и целото време да го посветуваме таму. Се друго заслужува едно сочно „НЕ“ кое најчесто ни создава непријатност кога го кажуваме некому но кое на крајот ќе ни донесе поголем внатрешен мир.

До следната недела.