Како што прелистував различни работи низ интернет неделава, се потсетив колку можеш да се промениш како личност преку впивање знаење од луѓе што никогаш не си ги запознал. Тоа е благодетот кој ни го нуди интернетот. Истовремено, лесно е да забегаш во конзумирање на премногу информации и идеји. Доколку си свесен за тоа и знаеш да го управуваш своето внимание и концентрација, ќе бидеш ОК.

Личност на која се потсетувам

Џорџ Карлин. Не можеш да гледаш исто на светот откако ќе изгледаш неколку видеа од овој човек. Неговиот стендап е исто толку генијален колку што е и смешен. Тера на размислување, тера на смеење. Ако некој дознае за него од овој текст, мојата мисија на Земјата е комплетирана.

Вебсајт кој ќе ви биде од корист во животот

yourbias.is. Постои ризик да претерам со когнитивни предрасуди, но what the hell, ме фасцинира темата. Овој одличен вебсајт го посочи девојка ми (hi) која има сличен ентузијазам за темата. Ако не сакате да читате долги написи, тогаш ова е за вас. Имате по пасус-два за секоја когнитивна предрасуда, линкови на кои можете да научите повеќе а може да симнете и различни постери и картички ако сакате. Многу корисно.

Видео на кое налетав

Bruce Lee at the 1967 Long Beach Tournament. Постојат многу видеа од Брус Ли по интернетот, но ова беше едно од оние што ги немав гледано. Интересно е да се гледа митската фигура како прелесно ги совладува своите противници. Како бонус, можеме да ја слушнеме неговата мудрост и животна филозофија, која е еднакво впечатлива како начинот на кој се движи во борба.

Напис од кој научив нешто ново

If Self-Discipline Feels Difficult, Then You’re Doing it Wrong. Марк Менсон е еден од моите омилени автори. Неговата книга The Subtle Art of Not Giving a F*UCK (со несреќно одбран превод на македонски) е една од подобрите на темата личен развој. Во овој блог тој зборува за начинот на кој емоциите влијаат на нашите одлуки. Односно, се додека не се чувствуваме добро со некоја наша цел, тешко дека ќе ја постигнеме. Ако одлучиме да стануваме секој ден во 6 наутро, мора да го засакаме процесот на станување, инаку никогаш нема да ни стане навика. Истото важи и за вежбањето и јадењето здрава храна.

Уживајте. До нареден пат.

Претходна статијаSamsung ја открива иднината со цела нова мобилна категорија: воведување на Galaxy Fold
Следна статијаТелеком со онлajн претпродажба на ексклузивниот Samsung Galaxy S10