Дупки во науката за спиење?

Пред две години излезе книга која растури во последно време. Зошто спиеме (Why We Sleep) на Метју Вокер се занимава со….спиење. Односно, Вокер во неколку стотици страни открива зошто неспиењето е погубно за нашето здравје. Тој наведува бројни истражувања што наводно покажуваат како си го кратиме животот кога спиеме пократко и дека ако спиеме помалку од 7 саати, шансите да добиеме срцев удар се зголемуваат за неколку стотици проценти. Изнесува и многу други тврдења според кои неспиењето е апокалиптично за нашето здравје.

Во меѓувреме, Вокер се вработи во Гугл како “sleep scientist” (да, постои таква позиција во Гугл), и гостуваше на повеќе популарни подкасти, како тој на Џо Роган (каде што се прослави). Неговата книга беше величана на многу места по интернетов. Вокер говореше и на ТЕД. Зошто спиеме беше наведена како една од најважните книги што ги прочитал Марк Менсон (автор на мега-популарната the Subtle Art of Not Giving a F*ck).

Се додека некој тип (Alexey Guzey) не седнал пред компјутер за да ја провери точноста на тврдењата во книгата на Вокер. И открил многу грешки. Многу. Толку многу што е чудно што никој не ги забележал претходно. На пример, Вокер во книгата тврди дека Светската Здравствена Организација прогласила „епидемија на неспиење“, податок што авторот на блогот никаде не можел да го пронајде.

Во првото поглавје на „Зошто спиеме“, Вокер:

1. погрешно ја толкува врската помеѓу спиењето и долговечноста и помеѓу спиењето и ракот (Дел 1)
2. погрешно тврди дека добриот сон е секогаш корисен (Дел 2)
3. погрешно тврди дека пациентите со фатална несоница умираат поради недостаток на сон (Дел 3)
4. се чини дека го измислува „фактот“ дека СЗО прогласи „епидемија на нeспиење“ (Дел 4)
5. погрешно ги пренесува препораките на Националната фондација за спиење и ги користи за погрешно да го претстави бројот на возрасни лица кои не успеале да ги добијат препорачаните часови на спиење (Дел 5)
– исто така се чини дека ги измислува препораките за спиење на СЗО
6. ја нарекува својата книга „научно точна интервенција“

Иако е долг и полн со податоци и линкови, прочитајте го блогот ако сакате да се уверите во (не)точноста на тврдењата на Вокер. Ме интересира дали Вокер ќе одговори на овие критики.

Серија што почнав да ја гледам

The Mandalorian е различна од останатите продукти на Стар Ворс франшизата. Прилично различна во стил и тон од серијалот филмови што ќе заврши во декември со The Rise of Skywalker. Ми се допаѓа тоа, и серијата е стварно прилично квалитетна, со одличен и допадлив главен протагонист и приказна што се чини ќе се развива бавно, но промислено. Башка, Baby Yoda мемиња. Башка, Бил Бур се појавува во некои епизоди.

Претходна статијаApple ќе претстави повеќе iPhone телефони идната година?
Следна статијаJunk Free, Guilt free мисијата продолжува