Зошто еден од најпознатите Јутјубери се откажува од социјални мрежи, документарец за еден од најинспиративните личности кои чекорат по земјава и интервју со еден од најдобрите автори на денешницата. Читајте, гледајте и уживајте во овие креативни и генијални умови.

Јутјуб видео со добри согледувања

Кејси Најстет е еден од најпознатите Јутјубери. Има 11 милиони следбеници и е неверојатно креативен човек што снима интересни клипчиња наменети за различни публики. Во едно од неговите последни видеа, тој објаснува како размислува и како ги користи социјалните медиуми. Доаѓа до заклучок дека му крадат премногу внимание и време, а не добива некоја поголема корист од нив.

Напротив, социјалните медиуми го скратуваат нашиот attention span. За поновите генерации кои се „тешки“ корисници на социјалните мрежи, сигурно е тешко да завршат книга од 300+ страници или да прочитаат некој поголем напис. Тоа е вистина и за повеќето од нас што сме „каснати“ од овој вирус. Најстет, на крајот соопштува дека некое време ќе се откаже од Инстаграм и Твитер. Тоа е неговиот противотров.

Документарец кој го гледав по втор пат

I am Not Your Guru. Ова е еден од најдобрите документарци, ако не и најдобриот кој некогаш сум го гледал. Тони Робинс е еден од најинспиративните личности на светот. Зошто е тоа така ќе ви се разјасни кога ќе ги гледате овие 90 минути филм.

Човекот успева да трансформира луѓе кои патат од депресија и самоубиствени мисли и истите да ги „врати во живот“ (има излечено човек од пелтечење за неколку минути). Неверојатно добар документарец кој заслужува повеќе внимание.

Подкаст во кој уживав

Neil Gaiman – The Interview I’ve Waited 20 Years To Do (The Tim Ferriss Show). Една од личностите кои редовно следам што имаат да кажат. Секоја негова книга е бестселер (најпознат е по 4 Hour Workweek), а на неговиот подкаст има разговарано со Арнолд Шварценегер, Џејмс Камерон, Џејми Фокс и многу други познати глумци, актери, музичари и др. фасцинатни личности.

Нил Гаиман е еден од моите омилени автори. Тој е автор на Sandman, American Gods и ред други многу квалитетни книги. Освен што пишува неверојатно, тој зборува на начин кој те тера да слушаш. И тоа со задоволство. Дури и кога зборува за неговото омилено пенкало.

Претходна статијаИграјте ја „Змија“ на Google Maps
Следна статијаШто има Интернетот со економската нееднаквост?