Во текст уште од 1994 година (!), Nick Szabo (кој најверојатно е Satoshi Nakamoto) за прв пат го споменува терминот „паметен договор“ (smart contract). Szabo го дефинира „паметниот договор“ (понатаму: п-д) како „дигитален протокол за трансакции [размена] кој е способен да ги изврши обврските од договорот“. Фактички, еден од клучните правни институти во човечката цивилизација (договорот) и правната инфрастурктура околу него автоматизирана во код со што „се задоволуваат условите од договореното (пр. условите за плаќање, доверливоста, па дури и извршувањето), се минимизираат случајните како и злонамерните грешки и се минимизира потребата од доверлив посредник“ (италикот е м.з.).

Од самата дефиниција, веднаш се очигледни потенцијалните придобивки и револуционерноста на концептот:

  • Автоматизирано извршување на договорот, објективно и ефикасно (замисли х ти должи 10,000 евра и треба да ти ги врати до 10 јуни – не ти ги враќа, на 11 јуни неговата кола е автоматски твоја сопственост а пак истата на 12 јуни е автоматски веќе продадена на у за 12,000 евра – 2,000те евра се враќаат назад на сметка на х – сите среќни, во еден ден),
  • Исклучување на трети страни – доверлив посредник од самиот договор (што имплицира во голема мера исклучување на адвокатите, судиите и извршителите од процесот).

АВТОМАТСКИ КИОСК (Vending Machine) ПРА-ПРА ДЕДО НА ПАМЕТНИТЕ ДОГОВОРИ?

Во еден од најважните текстови за „паметни договори“ (од 1997!), Nick Szabo сериозно го разработува концептот. Според него, автоматските машини/киоск (vending machine) се еден вид на „примитивен предок на паметните договори….тие претставуваат договор со другата страна: секој со пари може да изврши размена со машината. Катанецот и другите безбедносни механизми ги штитат паричките во машината и производите од напаѓачи, во доволна мера за да овозможат профитабилен бизнис со машините на различни места“.

Секако, п-д се многу покомплексна и понапредна иновација која (би) постои/ела во дигиталниот свет, но интересен е примерот со кој Szabo се обидува да долови всушност дека п-д не се толку нова иновација колку што е користење на технологијата за модернизирање на постоечките правни институти. 

КОДОТ Е ЗАКОНЗАКОНОТ Е КОД?

Најпозната (донекаде) реализација на п-д е Ethereum на Vitalik Buterin (иако Bitcoin уште од старт содржи програмски јазик (Script) кој може да се искористи за п-д, но од друга страна пак, ги ограничува програмерите во рамката на Bitcoin). Во сржта, со Ethereum Buterin се обидува да воспостави систем/алатка за креирање „паметни договори“ и слични нови концепти вклучувајќи и „децентрализирани автономни организации“ (DAOs). „Законите“ – правилата кои ќе важат во овие концепти – би биле содржани во транспарентен код кој не би можел да се промени одпосле (или, би можел да се промени само во однапред предвидени правила, како, да речеме, уставите на државите, со одредени дополнителни услови – ова прашање е предмет на сериозни дебати по хакот на DAO на Ethereum после кој мораше Vitalik да интервенира со hard fork, односно да го прекрши принципот на непроменливост). Кодот е закон.

Претходна статијаНајдоброто од Comic-Con (засега)
Следна статијаУште две нови реклами за Samsung Galaxy S9 направени во стилот на споредба со iPhone