иновација, иновативно, идеја

Отворете вест или новина и ви гарантираме дека ќе прочитате најмалку една реклама за производ која ќе биде нешто во стилот “купете го нашиот иновативен производ со вакви и вакви функционалности” или нешто слично. Практично, на што и да налетате, тоа мора да ја содржи етикетата иновативно, небаре тоа е клучот за сигурна продажба и асоцијација за класа производ. Тогаш во што е проблемот?

Работата е во следното: многу го мешаат терминот “ново” со “иновативно” и тоа доведува од претерано користење на зборот иновативно и губење на вистинската смисла и значење на зборот. Технички, ние ги изгубивме од вид специфичните вештини и однесување потребни за да бидеме иновативни. Зборот е искористен до тој степен што дури и државните институции почнаа да се вртат во кругот ” за да бидеме иновативни, мора да ги поттикнуваме иновациите”. Ова е чиста хипокризија и токму затоа треба да почнеме да зборуваме за иновации како серија на одделни вештини и однесување.

Не треба да сте бизнис експерт за да знаете дека за доброто на глобалната екомонија иновацијата игра круцијална улога и дека сите политичари, ученици и професори треба да ја поттикнуваат што повеќе во својата работа и да ја бараат од другите. Мислам дека никогаш немало повеќе иницијативи за поддршка кај нас, ФИТР веќе активно работи некоја година, акцелератори и слични на нив веќе постојат во неколку варијанти кај нас, а се надевам дека и во скора иднина ќе имаме и адекватна политика за домашните стартапи. Но…

Нејсе, поттикнувањето за иновации произлезе од нашето разбирање дека човечките достигнувања во изминатите неколку децении го зголемуваат нашето потпирање на технологијата, зближување на светот и израмнување со конкуренцијата на глобално ниво. За да бидеме конкурентни во овој менлив свет, мора да ставиме акцент на доаѓањето на нови идеи, производи и услуги кои додаваат вредност. Ние го нарековме ова решение, “иновација”. Па, кога веќе детално го објаснивме потеклото и причините за проблемот, ајде да дефинираме што е иновација.

Иновациja може да се дефинира само како “нова идеја, уред или метод”. Сепак, на иновацијата често се гледа како на примена на подобри решенија кои ги исполнуваат новите барања, неартикулираните потреби, или постоечки потребите на пазарот. Тоа е постигнато преку поефикасни бизнис производи, процеси, услуги, технологија, или бизнис модели кои се лесно достапни за пазаротвладата и општеството. Сепак, нека има јасна дистинкција: нови функционалности не се иновација. Ново решение, нова процедура за изведување на нештото – Е. Да бидеме јасни по тоа прашање.

Иновацијата стана новиот buzzword, но неговата прекумерна употреба и генерализација ми предизвикува превртување на очите споредено со вистинските иновации. Па сетете се само, како било кога се измислувала струја, Интернет, кола и слични работи. А не ова денес, сите станаа иноватори. Или можеби не?

Што мислите вие по ова прашање?

Претходна статијаLenovo го претстави Z5 кој сепак не доаѓа со екран без рамка и исечок на горната страна
Следна статијаROG Phone од Asus е Android смартфон направен за гејминг со 8 GB RAM и 512 GB простор за податоци