Прво, да расчистиме нешто од старт –колумнава се заснова на неколку извори, кои не се воопшто „теоретичари на заговор“ или анти-зелени. Станува збор за прогресивни сајтови, про-левичарски, кои знаат што зборуваат и имаат дури и bias кон еко позиции. Е сега, откако го расчистивме ова да видиме што е муабетот.

За почеток, контекст. Последнава декада обновливите извори на енергија се топ тема, скоро секогаш во позитивен контекст:

  • Паднати се цените за големи соларни или ветерни „фарми“ (за скоро 70% односно 90%),
  • електричната струја на глобално ниво од обновливи извори на енергија е зголемена од 550 TW/h во 2008 на 2.500 TW/h во 2019,
  • електричните возила навлегуваат во сите пазари, итн.

Но, како што објаснуваат од MIT Technology Review овој силен раст на обновливите извори на енергија не влијае ништо посебно во глобалниот енергетски системи ниту пак кон намалување на стакленичките гасови. Поточно, овие „технологии воглавно ја задоволуваат растечката побарувачка и не превземаат значителен дел од постоечката инфраструктура на фосилни горива“ (погледнете ги одличните графици на линкуваниот текст).

Како расте популација, се зголемува побарувачката за струја, особено во земјите како Кина и Индија. Обновливите извори на енергија се едвај во позиција да го задоволат само растот на побарувачката, а камоли цел систем.

Згора на ова, дополнителен проблем е тоа што се намалува учеството на нуклеарна енергија во оваа борба. Така, за 10 години вкупното учество на чисти извори на енергија е минимално зголемено од 32% на 35%. Ако сакаме да го оствариме таргетот – максимум 2 степени раст на глобалните температури – при проектиран раст на побарувачката на глобално ниво на енергија од пет пати од денешната, потребно е зголемување на учеството на чистите извори за 4x од денеска. Ако се развиваат работите со постојната динамика (што е сосема солидна, и сериозно поттикнувана!), ќе ни бидат потребни 260 години да изградиме глобален чист систем на енергија – а, наводно, имаме 40тина.

Значи, ако климатските промени се сериозен проблем, и ако моделите на експертите се точни (ова е големо ако), работите не изгледаат дека имаат решение. We are doomed без разлика кои политики ги превземеме.

(продолжува)

Претходна статијаMicrosoft Office за Android пуштена за сите корисници
Следна статија31-ви март се најавува како можна дата за претставување на поевтиниот iPhone модел
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.