Еден од најинтересните модерни економисти на денешницата, Tyler Cowen, го скрена вниманието на јавноста кон интересна студија која се обидува да даде одговор на прашањето зошто одредени луѓе со сличен background земаат повисоки плати и на што се должат овие разлики.

Студијата е направена од Miriam Gensowski, од Универзитетот од Копенхаген и се базира на анализа на податоци од развојот на високо интелегенти студенти (856 машки и 672 девојки) и нивната деловна успешност. Истите се анализирале и на скала на карактерни особини (Big Five personality theory) – отвореност кон искуства, внимателности систематичност (conscientiousness), екстровертност, agreeableness (топол, кооперативен) и невротицизам (терсене). Повеќе детали за студијата Miriam објаснува во неговиот текст на HBR (каде што потенцира дека карактерните предности воглавно имаат ефект од 40-60 годишна возраст и кај средни и високи позиции, кои имаат влијание врз другите вработени).

И, кои се наодите? Кои карактерни особини влијаат врз висината на платата кај високо интелегентни луѓе? Интересно е што оние кои се повеќе conscientiousness, ектровертни и  помалку agreeable и пријателски настроени кои другитеимаат значително повисоки примања (помеѓу 10,000 – 20,000$ годишно). Кај жените екстроверзноста е многу поголем фактор него останатите карактерни особини. Уште поинтересно е што оние кои се повеќе пријателски настроени (agreeableness), за една стандардна девијација повисоко во однос на оваа карактеристика, заработуваат бајаги пониски плати (околу 8% во текот на кариерата). Иако, како што предупредува Cowen, едно можно објаснување е дека овие луѓе имаат тенденција да работат пониско платени работи, повеќе подредени работни позиции, каде што агресивноста не е голем фактор.

Она што потенцира Miriam, и што може да се очекува,е дека оние кои имаат подобро образование можат да ги мултиплицираат предностите од карактерните особини. Како што објаснува тој, „ова економистите го нарекуваат комплементарност во производство – двата типа  на капитал (меките вештини-човечки капитал + образование) се вредни повеќе кога се во комбинација него секоја засебно“.

Секако, колку овие наоди може да се генерализираат имајќи предвид дека студијата е правена врз ограничен сет на луѓе и дека работните места и типови на работа се менуваат со текот на времето, е дискутабилно. Сепак, студијата е добар почеток за подобро разбирање на што се влијае врз платите и работите на луѓето.

За жал, горното повеќе важи за системи во кои богатството (претежно) зависи од заслуги. За наши услови би било интересно да се направи слична студија како корупцијата и непотизмот влијаат врз структурата на плати но и како истите влијаат врз развојот на карактерните особини на македонските граѓани.

Претходна статијаSamsung ќе го прикаже смартфонот на превиткување во ноември оваа година
Следна статијаНа десетгодишнината од претставувањето Chrome 69 го донесува новиот изглед и неколку нови функции