Рајсмен има направено неколку луди подвизи во својата кариера. Има живеено 95 дена во вселената (само 500 луѓе воопшто отишле во Вселената, а тој е еден од нив), а има живеено и две недели на дваесетина метри под површината на Атлантскиот океан. Скоро беше гостин кај Џо Роган, каде што разговораа за овие и многу други интересни работи.

Живеење во вселената

  • Да се биде три месеци во вселената звучи на доста непријатна работа.
    • Интересен факт: Астронаутите губат околу 1 отсто од својата коскена маса секој месец додека се во вселената. За да се спречи ова, НАСА изградиле посебна справа за вежбање која астронаутите мора да ја користат секој ден за да бидат на нула.
  • Додека сте во вселената, срцето пумпа повеќе крв кон главата во споредба со тоа колку пумпа додека сте на Земјата. Ова резултира во зголемени отоци, што пак доведува до намалување на чувството за мирис.
    • Рајсмен вели дека нивната вселенска станица била полна со лути сосови, затоа што без нив храната немала вкус.
    • А храната и така е ужасна. Бираат меѓу оние оброци што ги даваат на војниците (MREs) или Руска воена храна.
  • Потребно е да помине околу една година за телото да се приспособи на животот на Земјата откако ќе помине подолг период во вселената.
    • Рајсмен вели дека ова е слично како да се опоравуваш од сериозна спортска повреда.

Живот под вода

  • Не знам колку штета направил Рајсмен на својот организам со неговите авантури во вселената и под вода, но искуството звучи брутално.
  • Гарет вели дека искуството под вода било слично на тоа што се случува во популарниот филм Бездната (само без вонземјаните).
  • Тој неколку пати видел џиновски ајкули од својата подводна капсула.
  • Уште полуд е начинот на кој одел по втора нужда.
    • За да се олесни, тој пливал неколку метри подалеку од подводната станица. Додека се олеснувал, риби постојано го нагризувале неговиот измет (дури и во текот на самиот чин на олеснување).
    • Еднаш кога завршувал со олеснувањето, се свртел и се нашол очи во очи со џиновска риба, голема колку една возрасна крава.

Каков човек е Елон Маск?

  • Рајсмен вели дека секоја одлука која Маск ја носи е заснована на тоа дали ќе го однесе поблиску до целта: создавање на колонија на Марс.
  • Исто така, го опишува како најамбицизниот човек што го запознал. Ништо ново.
  • На Маск му е многу важно да остави позитивно наследство за човечкиот живот.
  • Интелектот на Маск е толку широк, што може да разговара со врвните софтвер инженери и веднаш потоа да дискутира со тие од производство, онака лабаво без да трепне.
  • Рајсмен вели дека Тесла има цел да го спаси животот на Планетата Земја. Ако не успее во тоа, SpaceX треба да го почне „Планот Б“, односно продолжување на животот на Марс.
Претходна статијаОткажан MWC 2020 саемот поради Коронавирусот
Следна статијаМобилната апликација Мојот А1 со нови функционалности