Во ред, поточен наслов е како да се биде „есенцијалист“ но суштината е иста.

Пред извесен период, имавме објавено текст со „линкови од разни ќошиња од Интернетот #7“. Еден од предлозите за јутуб видеа кои ги предлага Бојчо ми фати око. Станува збор за видео-интервјуто со авторот на книгата How to become an essentialist. Во продолжение главните поенти.

Темата е интересна за секој од проста причина што сите – сакаме или неќеме – сме „впиени“ во новото време и технологија. Културата е променета. Како што објаснува авторот Грек Мекоун, од information overload веќе сме во фаза на opinion overload. Не само што се оптоварени со (воглавно небитни) вести и коментари, туку сме станати сите дежурни трачари (ако не коментираш на Фејсбук, коментираш во такси или на улица). Постојано сме „зафатени“ – или како што објаснува Мекоун, we are busy because other people are busy. Концептот на keep it up with Jonesses – да се натпреваруваш и мериш со другите – е доведен до екстремно ниво поради меѓуповрзаноста во дигиталниот свет. Другите ни ги креираат приоритите и каде ќе ни оди вниманието.

Есенцијализам е „дисциплинирана потрага по помалку но подобро“. Фокус на најбитното, најдоброто.

Како?

Прво, мора да бидеме свесни дека сме опколени со содржина и опции. И дека нема време доволно за се. Мора да се заостри фокусот и да се каже НЕ на се останато. Нема специјални тајни и трикови. Бара дисциплина.

Не е дека е се останато е небитно. Не е најбитно за тебе. Тоа е тешкиот избор.

Мекоун особено става фокус на значењето на трпение. Но, не трпение како смиреност, туку „трпение со цел“, кое разбира дека прогресот е постепен развој со фокусирана посветеност. Конзистена егзекуција низ подолг временски период на работи кои вредат.

Секако, има и дискусија за социјалните мрежи. Мекоун нема негативен став кон социјалните мрежи, но повторно го дава истиот совет – човек треба да знае што сака да извлече од користењето на Фејсбук. Безцелно скролање, најчесто, нема бенефит. Cut the noise out.

Најверојатно ова е битката на денешницата со која се соочуваме сите – како да се фокусираме само на она што е најбитно. Не дека другите работи не се битни, туку се нема време за се. Есенцијализам, минимализам е филозофија која може да ни помогне во борбата – со себе.

Претходна статијаMotorola One Vision е телефон од средната класа со дупка во екранот за камерата
Следна статијаФудбалот поттик за ширење на позитивни вредности – како на теренот, така и вон него
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.