11-16-796x398

Голема е шансата еден од вас што го чита овој текст да има некаков Android уред, било дали се работи за паметен телефон или таблет. Насловот можеби ќе ве заплаши, но досега не се пријавени пробивања на хакери, па најверојатно и вие не сте биле предмет на некој напад. Сепак, останува фактот дека Android има пропусти кои мора брзо да се решат, со цел корисниците да можат да бидат заштитени од идни напади.

Како што веќе пишувавме порано, пропустите се однесуваат само на уреди со Qualcomm чип – оние со MediaTek или останатите кинески процесори, не треба да се грижат. Се работи за пропуст кој лесно им овозможува на хакерите пристап до многу информации на корисникот, како на пример SMS пораките и повиците, односно менување на системските подесувања.

Според истражувачите од FireEye, компанија специјализирана за сајбер безбедност, пристапот до системските информации во оперативниот систем кај уреди со Android 4.3 или постар и Qualcomm процесор може лесно да биде постигнат преку дозволите дадени дури и на некои апликации кои никогаш не би смееле да имаат пристап до нив. Името на „вирусот“ е CVE-2016-2060 и тој е присутен уште од 2011 на милиони Android уреди наоколу светот.

Google веќе пушти закрпа за овој вирус, но според нив, Nexus уредите никогаш не биле загрозени. Надградбата на пример на функционира за оние уреди кои имаат изменета верзија на Android, во превод скоро сите паметни телефони и таблети кои не се производство на Google. За надградбите за тие уреди се задолжени производителите и досега знаеме дека само Samsung има пуштено заштитни мерки.

Иако погоре е спомнато дека главните проблеми ги имаат уредите кои имаат Android 4.3 или постар, можноста да се пробие Qualcomm уред со понов Android сѐ уште останува, преку посебно развиена апликација која може да влезе до системските подесувања.

Извор: ARSTechnica, The Next Web, PCWorld

Претходна статијаHoloFlex е флексибилен смартфон кој може да прикаже и 3D холограм
Следна статијаUnaPhone Zenith е толку безбеден смартфон што нема да може ниту да инсталирате апликации на него