Но, според Судот на правдата на ЕУ, истиот важи и за администраторите на Фејсбук страници. Во една одлука од годинава, Судот обзнани дека администратор на Фејсбук фан страница е одговорен за ракувањето со личните податоци на членовите на групата.

Поради тоа, администраторот мора да води сметка да ги следи правилата на новиот закон. Еден извадок од одлуката вели вака:

Фан страници се кориснички профили кои можат да бидат поставени на Фејсбук
од страна на поединци или бизниси. Авторот на страната, откако ќе се регистрира,
може да ја користи платформата на Фејсбук за да се претстави на корисниците на таа социјална мрежа и на лицата кои ја посетуваат фан страната и да објавува каква било комуникација во медиумите поради што е процесор на податоците за посетителите на неговата страница, а со тоа и заеднички одговорен со Фејсбук за ракувањето со тие податоци.

Одлуката на Судот на ЕУ доаѓа како резултат на тоа што дирекцијата за заштита на лични податоци на германската држава Шлезвих-Холштајн (Schleswig-Holstein) им наредиле на бизнис академијата Wirtschaftsakademie да ја деактивираат својата Фејсбук страница. 

Ваквата одлука на Судот може да доведе до повеќе несакани последици. Ако администраторите на Фејсбук треба да внимаваат да не ги кршат одредбите на законот за приватност, тогаш полесно ќе им биде воопшто да не се занимаваат со таква дејност.

Следењето на законот е тешко и за организации со огромни буџети. Замислете да треба да го познавате одлично целиот закон без никаква стручна помош. Индиректно, ова носи кон задушување на слободниот говор на Фејсбук, чија цел е токму спротивното: отворено изразување на кој било поединец.

 

Претходна статијаОсновниот Galaxy S10 модел ќе дојде со рамен екран, наместо со „edge“ како кај посилните модели
Следна статијаКомпанијата Самсунг освои 49 награди за дизајн на овогодинешното издание на “IDEA Design Awards”