Конечно се случи и тоа. После година и пол пауза, Гејм оф Тронс се врати на екраните со епизодата „Винтерфел“. Првата епизода од последната сезона е полна со средби на ликови кои не биле заедно на екранот уште од првата сезона. Ариа конечно се сретна со Џон (тој и го подари мечот Игла – кој се’ уште го поседува).

Санса се сретна со Тирион. Нивната последна сцена заедно беше во четвртата сезона, на свадбата помеѓу Марџери и Џофри (кој на воодушевување на публиката низ целиот свет, умре во шок и тешки болки во истата епизода). Нема веќе „Jetpacking“ (така ги нарекуваа настаните од претходната сезона каде што ликови прелетуваат континенти за многу кратко време). Серијата се враќа на старото добро slow burn темпо.

Тирион не е веќе генијалниот плотер од првите сезони

Кога се среќаваат со Санса, тој и вели дека неговата сестра Серсеи наскоро ќе пристигне во Винтерфел со својата војска, да се бори на нивната страна. Притоа игнорирајќи ги сите претходни сезони во кои Серсеи е превртлива, итра и злобна манипулаторка. Санса на тоа му одговара „Некогаш мислев дека си најпаметниот човек на светот“.

Џон конечно ја дозна вистината

После неколку сезони исчекување, конечно дознавме која му е мајката на Џон Сноу. А сега дознава и тој. Сем му ја соопштува веста а Џон е прилично шокиран кога дознава дека е всушност син на Лиана Старк и Раегар Таргариен. Интересно ќе биде да се следи како ќе влијае ова на постапките на Џон во наредните епизоди. Тој и се покори на Даенерис и ја призна за своја кралица, само за да дознае дека тој всушност е вистинскиот престолонаследник. Неговиот татко се жртвуваше за светот да не дознае чиво дете е Џон, дали и Џон ќе се жртвува за да го спаси кралството од идни војувања (ако воопшто постои кралство кон крајот на сезоната)?

Тажно е она што му се случува на Џон. Во првите сезони се чувствува како да нема идентитет, потоа прифаќа дека е дел од Северот, и едвај чека повторно да се соедини со неговите сестри и брат, само за да му се откорнат сите верувања кои што ги изградил со времето.

Брон добива смртоносна мисија

Серсеи му дава наредба на Брон да ги убие нејзините браќа – Тирион и Џејми. Бромансата меѓу Тирион и Брон беше меѓу најинтересните работи во првите две сезони. Слушајќи го ова, Брон одговара со „Таа е*ена фамилија“. Добро срочено.

Џејми се соочува со Бран

Двајцата си немаат видено очи од првата сезона, кога Џејми го турка Бран по што овој останува парализиран. Најавата за втората епизода ветува дека Џејми ќе има тешка задача докажувајќи дека е различен човек од тогаш. Тој има незавршена работа и со Даенерис, од причина што тој го убил нејзиниот татко во Бунтот на Роберт.

Крајот на епизодата е одлична хорор сцена која го најавува она што следи во наредните епизоди: многу крв, смрт и епски битки.

Првата епизода беше бавна, и се фокусираше на тоа повторно да ги спои сите ликови што ги знаеме и сакаме. Епизодата одлично ја постигна оваа цел. Сепак, ова е затишје пред бурата. Се читаме по епизода 2.

Претходна статија„Hands On“ видео од The Verge на Samsung Galaxy Fold
Следна статија7 нови серии на Pickbox