Безбедносната компанија Check Point откри нов начин на којшто хакерите може да дојдат до пристап на нашите уреди (компјутер, паметен телевизор, смартфон) и да преземат целосна контрола.

Овој начин може да се каже дека претставува голем ризик за корисниците на земјите како нашата, поради фактот што голем дел од содржината се гледа преку симнување од нелегални извори.

Се работи за можноста за добивање на пристап до уредот преку вметнување на малициозен код во фајловите за преводи кои корисниците сами ги симнуваат или самата апликацијата која се користи за гледање на видео содржина.

Креаторите на ваквите фајлови, според Check Point, имаат и начин како да направат нивните фајлови да имаат највисок ранг на страните, па со тоа да се осигураат дека корисниците, односно апликацијата, ќе ги симне токму тие фајлови.

Од компанијата имаат тестирано 4 апликации за гледање видео содржина, апликации кои заедно имаат стотици милиони корисници и кај сите нив имаат најдено пропуст којшто ги прави ранливи на најдениот хакерски метод.

Се работи за апликациите VLC, PopcornTime, Kodi и Stremio.

Од Check Point истакнуваат дека ги имаат известено развивачите на овие апликации, па истите веќе имаат издадено нови верзии кои се заштитени од пријавениот пропуст.

Овој случај само оди во контекст на докажување дека гледањето на видео содржина, надвор од познатите стриминг сервиси како Netflix, не ретко ги изложува корисниците на ризик од хакерски напади.

Познато ни е на повеќето, дека фајлови со преводи најчесто се симнуваат од корисниците кои својата видео содржина ја симнуваат од Torrent, па истата не доаѓа со превод, односно не со бараниот превод.

Нашата земја и слични се погодни на ваквите ризици поради фактот што нискиот стандард прави да ретко кој се решава да плаќа месечна претплата за Netflix, а останатите сервиси и не се достапни, па Torrent-ите остануваат едни од најпопуларните начини за гледање на филмови, серии, симнување софтвер и слично.

Извор: Check Point, THN

Претходна статијаПротекоа спецификациите за Moto Z2 Play, и натаму ќе биде модуларен
Следна статијаMeizu M5c е колоритен смартфон од ниската класа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.