Facebook

Изминатиот период можевме да прочитаме за многу случувања поврзани со злоупотреба на огромниот број на информации за корисниците, за воведување на функции кои се популарни кај конкуренцијата, купување на компании од страна на големите и слично.

Сето ова отвори една дискусија која во Америка предизвика почеток на посериозна дебата околу тоа дали на компаниите изминатите неколку децении им е оставен голем простор за функционирање, без никаква регулација од страна на државата која треба да го заштити пазарот.

Иако на „удар“ се повеќе компании како Amazon, Google и други, сепак еден од главните примери е со Facebook и нивната сопственост над Instagram и WhatsApp. Facebook со нивните 2 милијарди корисници, заедно со Instagram кој станува се повеќе популарен и WhatsApp кој на запад е една од најмногу користените апликации за разговори, има огромен пазарен удел и моќ, што според некои може слободно да се нарече монопол.

Во оваа тема повеќе навлегува Тим Ву, американски професор, колумнист и адвокат. Тој е автор и на повеќе книги, а најновата The Curse of Bigness: Antitrust in the New Gilded Age ја обработува токму оваа тема.

Тој смета дека САД има добра историја на „растурање“ на големи компании кои почнуваат да имаат голема моќ. Тоа што во последно време тоа не се случува, не значи дека не треба повторно. Исто така, тој истакнува дека влијанието на пазарот на овие компании, не може да се гледа само преку цените кон крајниот корисник, а тоа посебно може да се види во случајот со Facebook и Google каде нивните сервиси се обично бесплатни.

Според Ву, начинот на којшто Facebook ги купува Instagram и WhatsApp е таков да властите воопшто немаат направено нешто за да проверат дали е во ред кога е во прашање пазарот. Поради тоа, тој смета дека докажувањето на случајот за „растурање“ на компанијата не би требало да е тешка задача.

Се поставува прашањето што би значело за пазарот доколку Instagram и WhatsApp се развиваат посебно, без влијанието од Facebook. Што би значело за пазарот доколку компаниите можат послободно да ги развиваат своите сервиси без притисокот од поголемите компании кои не секогаш се користат со „фер“ мерки за задржување на својата позиција, а доколку тоа не успее, ги купуваат помалите компании.

Да, Instagram одлично се развива под капата на Facebook и тука нема прашање. Меѓутоа, што значи тоа за моќта која Facebook ја има на пазарот, во наплатата за реклами и влијанието на корисниците, сето тоа сконцентрирано во една компанија.

Интересна дискусија која верувам ќе стане се поголема, па ќе биде интересно да се следи што ќе се случува во периодот што следи.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаMercedes-Benz го претстави целосно електричниот SUV наречн EQC кој ќе почне да се произведува од идната година
Следна статијаHuawei прославува 10 милиони HUAWEI P20 Pro и HUAWEI P20 продадени единици на глобално ниво
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.