Пред извесен период, низ Интернет почна да кружат текстови во кои се тврди дека „копањето“ на Биткоин (механизмот за верификација на трансакциите и безбедност на целиот систем) е толку енергетско-интензивна дејност што беше прогласен за „закана за климатата“. Имајќи предвид дека ~70% од „рудниците“ се во Кина, наводно Биткоин користи енергија од централи на јаглен и е всушност голем загадувач. Претставник на „банката на централните банки“ (Bis), го нарече Биткоин „комбинација на меур, Понзи шема и еколошка катастрофа“. Интересно е што овие критики иако доаѓаа воглавно од „лево“ ориентирани весници (пр. Guardian, Independent, итн.), на возот се приклучија и економските весници како The Economist или Bloomberg, или пак меѓународни финансиски институции како BIS, па дури и некои крипто ентузијасти. Секако, имаше и голем број кои аргументираа дека критиките не држат вода (пр. Институтот Като или разни истражувачи).

Се до вчера сепак ова беа „две легитимни страни“ во дебатата. На 29ти јануари Роберт Шарат, човек со искуство во енергетика и финансии (и екологист во приватно време), објави текст на Hackernoon каде што аргументира дека тезите дека Биткоин е еко катастрофа се „garbage”. Во продолжение неговите главни аргументи.

  1. Скоро сите текстови кои тврдат дека Биткоин е еко катастрофа „се повикуваат на еден ист извор – Алекс де Вриес, дваесет и неколку годишен блогер со нула релевантно искуство.“ Интересно, досега никој не ги проверил изворите на кој се повикувал типот. Се било bogus.
  2. Според одредени сериозни истражувања на Coinshares, ~80% од „копачите“ се Кина, во областа Сишуан. Сепак, Сишуан не е позната по фабрики на јаглен туку по хидроцентрали и други обновливи извори на енергија! Околу 77.6% од глобалното „копање“ на биткоин користи енергија од обновливи извори. Според колеги на Шарат кои живеат во Хонг Конг, бројката е поблиску до цели 85%! Имено, „рударите“ се главно сместени во области со поладна клима а изобилие на недоволно искористена хидроенергија (Квебек, Исланд, итн.).

Тука ќе застанам со аргументите на Шарат, бидејќи излегува дека целите „истражувања“ на Алекс де Вриес – објавувани низ секаде – се тешки измислици, фабрикувани бројки, лажни „извори“ и ред други неетички фори.

Најстрашниот дел? Прошло незабележано од стотина портали, весници како Форбс или Блумберг, научни журнали, итн. што пак укажува или на крајно невнимание или пак на силни biases против крипто светот.

На крај, Шарат не потсеќа и на други автори кои ги приметиле глупостите, иако не целосно и заклучува дека Биткоин иако троши многу енергија работите се ДАЛЕКУ од глупостите што ги пишува на Интернет. И, уште поважно, прашањето е КАКВА енергија троши и дали со текот на времето станува енергетски ефикасен целиост систем или пак енергетски интензивен. Одговорите на овие прашања се во корист на Биткоин.

The Planet will be just fine.

Претходна статијаТоп 5 музики од серии и филмови од 2018
Следна статијаТоп 7 содржини за секој ден од неделата
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.