Мозокот соединува две одвоени слики во една. Во окото истовремено се случуваат две работи. Основата на 3Д технологијата е всушност да се проектираат две слики и секое око добива своја слика коjа се менува со голема брзина. За да може окото да ги спои тие две слики во една, а мозокот да создаде илузија за тродимензионалност, очните јаболка мора постојано да бидат подвижни и на некој начин, може да се каже, да ја прифатат и смират сликата. Мозокот ги спојува двете одвоени слики во една и не уверува дека виртуелното е реално.

До сега 3Д технологиите и покрај сите заложби и маркетинг промоции сепак се дојдени до точката каде содржината го губи своето значење, а формата ја превзема главната улога.

Всушност достапноста на 3Д технологиите се во моментална фаза на развојот само на ,,ефект, а не на нов начин на доживување на содржината како што се обидуваат да ги убедат потрошувачите.

Се додека сме свесни дека технологијата се обидува да ни пружи нов начин на доживување на 3Д содржината, до тогаш технологијата е само уште еден интересен специјален ефект без вистински вредности.

Тоа што е потребно е воведување на нов концепт кој е способен да ја долови тродимензоналноста на природен начин, без додатоци како очила, маски и други помошни реквизити.

Во моментот кога технологијата доволно ќе еволуира да доживувањето на тродимензионалност стане интегрален и ненаметлив како обичното гледање на телевизија или филмот, тогаш ќе може да се каже дека технологијата е навистина зрела и корисна.

И покрај сите аномалии виртуелната реалност завзема се поголем дел од нашиот ,,вистински живот”. Се уверуваме во реалистичноста на виртуелниот облик, како  виртуелноста ја надминува реалистичноста, а со помош на виртуелната слика ,,го гледаме тоа што не се гледа,,

Исто така виртуелната слика може да биде посредник помеѓу два реални простори.

Што понатаму? Што ќе се случи кога ВР технологијата ќе ги превземе сите човечки сетила, или кога човечкиот мозок ќе се поврзе директно со генераторот на виртуелната стварност (виртуелна реалност или стварна виртуелност).

Или пак што ќе се случи кога виртуелниот свет ни стане поубав и посакан од овој вистинскиот и како да се спротивставиме на преселувањето во виртуелниот простор, бидејки тоа е откажување од вистинскиот живот.

Се укажува на тоа дека човекот постепено се  префла во виртуелниот простор. Секако се’ уште тоа префрлање е во каков –таков соживот со реалниот, бидејки ако ја исклучиме функцијата на чиста забава ВР се покажа како еден корисен метод на симулација на реални објекти и случувања пред нивната реализација. Самиот тој факт може да не растерети и увери дека не се работи за никаков конфликт помеѓу виртуелното и реалното туку за една напредна постапка за создавање од виртуеното кон  реално.

Меѓутоа мораме исто така да признаеме дека неверојатната уверливост на виртуелната слика во многу случаи ја прави непотребна нејзината материјализација. Тоа посебно важи за интерактивната слика која всушност претставува тоа што го викаме виртуелна реалност.

Моментално најмногу на тоа што се работи во Виртуелната индустрија е т.н ,,напредната точка,, на нејзиното подобро поврзување со човекот, таканаречен развој на совршена ,,конекција,, помеѓу човекот и виртуелната слика.

Тоа ,,поврзување,, е се’ уште неусовршено и гломазно бидејки тоа се врши преку надворешните сетила (око, уво, колено, односно телото во целина). Тоа е се’ уште далеку од конечната цел-директно поврзување на човечкиот нервен систем и мозокот со виртуелниот простор.

Оддалеченоста од компјутерскиот процесор до човечкиот мозок е се пократка и моментот кога ќе биде дирекно поврзување не е далеку. Всушност дури тогаш, со воспоставувањето на ,,директна конекција,, виртуелниот облик ќе биде автентично применет. Се тоа денес што го нарекуваме виртуелен облик и виртуелна реалност е погрешно. Сликата на екранот, звукот во слушалките, допирот кој го чувствуваме со ВР ракавици… сето тоа е материјална ,всушност индиректна или неавтентична интерпретација на виртуелниот облик.

Виртуелниот облик е автентичен само во својот дигитален облик (код). Секоја материјализација на кодот доведува до негово сквернавење бидејки конкретно сликата на дисплејот потекнува од сигналот на процесорот, меѓутоа тоа што ние го гледаме е резултат на резолуција, хроматски и други технички карактеристики на дисплејот.

Нашето око ,,ја зема,, таа информација и ја пренесува во нашиот мозок при што и самото око партиципира во нарушување на таа информација, така да конечната слика која доаѓа во нашиот мозок е нешто слична на испечатена,  односно скенирана фотографија. Сите знаеме дека тоа не е автентично.

Според тоа единствен исправен пренос на виртуелната слика е тој директниот и кон тоа се тежи.

Што се случува со вклученоста, односно исклученоста на човекот во виртуелниот филм и реалниот простор

Гледачот додека го гледа филмот има два света. Едниот е виртуелниот со очила  и другиот вистинскиот во кино салата.

Ако гледачот гледа еротски филм во виртуелно кино каде тој како дел од филмот треба да има сексуална акција со девојката (,,Лове,, – Гаспер Ное), а во тој момент реалната девојка до него го погали по панталоните, кај гледачот се случува шок. Дали во тој момент гледачот може да ги изедначи виртуелниот и реалниот простор.

Дали може да ја избрише границата.

Или пак… од претходната сцена… Дали ќе го освести бранот што ќе го удри директно во лице со целата своја влажност и силина?

И на крај се поставува прашањето дали изразот ,,гледач,, кореспондира со вистинската ситуација во виртуелното кино или пак треба да се најде друга форма и израз.

Меѓутоа… според мене…

Филмот и киното се појавија како забава за пополнување на слободното време на човекот посебно после втората светска војна. Потоа од 70 до 90 години во минатиот век, филмот доби и уметничка димензија каде се очекуваше покрај забавниот и креативен пристап во филмот.

Денес влегуваме во една нова фаза на филмот каде навидум се дава потполна слобода на гледачот во филмот ВР (гледачот гледа тоа што сака ) што за возврат му се крати вистинската слобода во реалниот животот преку изедначувањето на виртуелната и вистинската реалност. Се тежнее кон бришење на границата. Ако предходно режисерот до некаде можеше да го насочи гледачот наметнувајќи му ја својата нараторска приказна и својот дискурс на гледање на приказната преку својот ракурс – катрирањето во ВФ (вируелниот филм) тоа го нема.

Човекот денес го гледа филмот на филмско платно во втора димензија, и е само нем посматрач на филмот. Во кино сме навикнати да заборавиме дека постоиме додека го гледаме филмот. Доколку филмот е во 3-та или повисока димензија (каде би постоеле чувства за мирис, вкус, температура, влага, ветер и други сетила) гледачот тогаш би бил внатре во дејството, во филмот. Гледачот е дел од филмот и би можел активно да учествува во него. Тука се создава бариерата. Мое мислење е дека гледачот се’ уште не е подготвен да ја премине бариерата. Тука под бариера се мисли на психолошка бариера.

Ако гледачот влезе во филмот тогаш и престанува да биде гледач и ја има целата слобода на дејствување, како активен субјект. Со тоа тој може да креира карактер, а тоа всушност претставува неговиот карактер.

Во тој момент тој е слободен. Стравот од слобода (Ерик Фром-Бегство од слобода) е од тоа што целата креативност е негова каде што може да креира различна приказна со многу алтернативни заплети и расплети краеви и почетоци.

Генерално земено гледачот се’ уште не е подготвен за таква авантура во филмот. Тој би останал војаер со целата своја љубопитност кон нараторската и визуелната приказна раскажана од режисерот.

Со други зборови гледачот сака се да му биде кажано раскажано и визуализирано, а тој да биде само еден глас од жирито за оценка на филмот.

Автор

М-р Деспот Себишки

Претходна статијаОсновна стратегија за маркетинг на социјалните медиуми
Следна статијаCitroen освои награда за најдобар штанд на саемот за автомобили во Женева