Shutterstock.com

Во нормален свет, особено при развојот на технологијата, паметни луѓе размислуваат како да ги минимизираат недостатоците на демократијата, а да го подобрат целиот процес. Еден од тие е и Ендру Јанг (Andrew Yang), кандидат на демократите за претседател на САД кој предлага т.н. ranked choice voting.

Најпрво, Yang објаснува дека дел од проблемите на сегашниот модел е што поттикнува пред се гласање за „најмалото зло“. Неговиот предлог (ranked-choice voting) би значел дека секој гласач би рангирал топ 3 кандидати. Ако еден кандидат потоа е рангиран на прво место од над 50% од гласовите, победува – ако нема ваков кандидат, се елиминира третиот и потоа сите што го имале елиминираниот кандидат рангиран прв, се гледа кој го предложиле на второ место се додека еден од кандидатите не избие со 50% поддршка. Бенефитот на овој модел би бил во тоа што ќе има поголема излезеност, подобра изразеност на изборот на граѓаните и ќе ги намали негативните кампањи бидејќи секој ќе цели да ги брка сите гласачи.

Без да навлагам во дискусија, би фрлил една моја интересна идеја за размислување која не сум ја сретнал досега.

Во демократија граѓаните (треба да) бираат пред се политики, т.е. кој кандидат ќе исполни најголем дел од политиките за кои се залагаат. Нормално, на еден гласач може да му се допаѓаат политики од разни програми. Зошто да не го реформираме системот да го рефлектира овој клучен момент?! Слично на моделот на Јанг, кандидатот кој има најдобро рангирани политики победува.

На пример, секој гласач има право да рангира 10 политики од која било политичка програма. Онаа програма која има најдобро рангирани политики победува, освојува најмногу поени. И тука има исто уште една клучна измена. Кандидатот мора да ги имплементира како приорирет најдобро рангираните 5 политики, без разлика дали се од неговата програма или не.

Ќарот? Пред се, намален популизам – фокус на политики, а помалку на „карактер и изглед“ на кандидатите; неопходност за соработка помеѓу партиите околу Н.З.С. избрано од самите граѓани – наместо радикализам и соработка само кога станува збор за заеднички интерес на партиите; поинтересен процес кој ги принудува граѓаните да мислат при изборот, а не да гласаат „навивачки“ само; итн.

Чисто food for thought. Како и да е, постојните демократски модели мора да еволуираат согласно новите научни сознанија поврзани со колективното одлучување.

Претходна статијаА1 Македонија го најавува A1 Game Fest 2019 – најголемиот гејминг настан за оваа година
Следна статијаМлади иноватори креираа дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.