Кој го има последниот збор е сржта во она што се нарекува авторитет и контрола. Дали и колку оние кои се учесници во системот имаат контрола врз тоа како системот функционира. Или пак, контролата е централизирана во одредена мала група на моќници, за кои потоа мора да инвестираме огромни средства за да ги контролираме да не ја злоупотребуваат?

Децентрализацијата – „демократизацијата“ на контролата на системот во раце на голем број играчи – е во сржта на крипто светот (иако Satoshi не го спомнува овој термин ниту еднаш во неговиот познат white paper). Пред се, овој модел има предност пред централизираните модели (од банкарски систем до автократии) бидејќи нема single point of failure – не постои еден центар кој може да се нападне за да се уништи моделот (во случајов, да се фејкираат трансакции и/или да се компромитира блокчеинот доколку некој успее да стекне контрола над 51% од системот/нодовите). На пример, системот на Bitcoin е функционален 99.9% од времето од 3-ти јануари 2009 година до денеска, додека пак банкарскиот систем не функционира за празници и викенди. На вакви денови, во крипто светот се вртат и трансакции во износи со милијарди долари.

Сепак, голем број аналитичари со право прашуваат во која мера Bitcoin (Ethereum et al.) се навистина децентрализирани во моментот. Во неколку истражувања, луѓе од Универзитетот Корнел пробуваат да дадат одговор на оваа дилема. Според нивните истражувања во периодот од 2015 до 2017 г., „„копањето“ е во голема мера централизирано, каде што најголемите 4 „копачи“ во Bitcoin и 3-те во Ethereum контролираат над 50% од хаш стапката“.

Патем, посликовито, сајтот arewedecentralizedyet.com е објавен преглед  на најпознатите криптовалути и се дава приказ на неколку индикатори – начинот на постигнување консензус (како системот всушност врши clearing/порамнување), дали постојат поттици за „копачите“, број на ентитети кои контролираат над 50% од гласачката/mining моќта, % кој го поседуваат најголемите 100 сметки, број на client codebases кои имаат над 90% од нодовите, и број на јавни нодови. Сите овие индикатори даваат добар приказ колку една криптовалута е децентрализирана.

И, што вика приказот за Bitcoin и Ethereum? Во двата система, 3 ентитети контролираат над 50% од гласачката/„mining“ моќ; во Bitcoin најголемите 100 сметки поседуваат 19% од биткоините (во Ethereum = 35%); итн. Што значи ова баш? Искрено, во моментов, не сум најсигурен. Можеби овој текст ќе помогне.

Претходна статијаFacebook најави „Clear History“ опција за бришење на информациите добиени од веб страните и апликациите
Следна статијаFacebook го покажа новиот поедноставен дизајн на Messenger – ќе биде достапен наскоро