Прв пат купив Киндл пред десетина години – мислам дека тоа беше првата или втората верзија. Веднаш ставив десетина книги што сакав да ги прочитам и ми изгледаше на неверојатен изум (уште е). Се убив од читање, батеријата траеше со недели, екранот не ти ги копаше очите, а книгите ги симнував од нет (чат-пат ќе купев по некоја книга што за една секунда магично се појавуваше на екранот). После некоја година користење, го скршив екранот (RIP Kindle 1). Да не го направев тоа, мислам дека ќе можев да го користам и денес. За разлика од тоа, првиот таблет на Гугл, Гугл Нексус, ми траеше две години и цркна.

Денес користам Kindle Paperwhite, понова и надградена верзија од тој што претходно го имав (сега мислам дека можеш да бираш од десетина различни верзии). Искуството е уште подобро. Екран на допир, подобро осветлување, поубав и поквалитетен фонт, а батеријата уште си држи по неколку недели.

Пред некој ден го упалив после подолго време, и приметив дека има мала гребнатинка на екранот што малку го пореметува осветлувањето – и што страшно ме иритира се додека не се задлабочам во читање и прекинам да ја приметувам.

Нејсе, поентата ми беше дека Киндл е прекрасен изум за тие што сакаат да читаат повеќе без да мора да ги полнат полиците со хартија.

Предности на Киндл

  • Топ батерија
  • Можеш да ги најдеш речиси сите книги што те интересираат на b-ok.org
  • Ти ослободува простор во станот

Предности на печатени книги

  • Помилозлив за очите
  • Мирисот на хартијата
  • Некои луѓе повеќе памтат што прочитале
  • Создаваш поблизок однос со книгата, actually можеш да ја допреш наместо да свајпаш по екран

Мислам дека периодов ќе се префрлувам помеѓу двата начина на читање. Некогаш ми се читаат печатени книги, некогаш читам на мобилен, а сега се враќам на Киндл. Најмалку ми се допаѓа да читам на мобилен. Прво зашто екранот е мал, второ затоа што има премногу дистракции што одземаат внимание, и трето зашто екранот ти ги топи очите кога читаш подолго време.

Секој со своето, но ако размислуваш да купиш Киндл, тука сум да ти кажам дека е инвестиција за која нема да зажалиш.

Претходна статијаSamsung Galaxy S20 ќе почне да се продава од 6-ти март?
Следна статијаДали Huawei би ги користеле сервисите и апликациите од Google доколку тоа им биде повторно овозможено?