Пред некој период читав една статија од еден од највлијателните правници денеска во САД, Cass Sunstein. Тема? Порнографија и Првиот амандман. Интересно, текстот почнува со реченицата „проблемот со порнографијата се појави повторно на дневната политичка агенда.“ Воглавно, феминистките туркале закони за забрана на порнографијата како, пред се, деградација на жената. 

Текстот е од 1986 година.

Деновиве порнографијата повторно е на политичко-демократската сцена. Овој пат конзервативците повикуваат на „банирање на порнографија“. И ја вртат дебатата како дебата за „регулација на производ“ („не дозволувајте либертаријанците да ја врамат дискусијата како прашање на слобода на изразување. Не е.“). Дури и еден од прогресивните кандидати за претседател на САД и кандидат со интересна програма, Andrew Yang твитна дека „отворениот пристап на децата кон порнографија е реален проблем. Потребно е да ги зајакнеме родителите/фамилиите да можат да модерираат/контролираат што гледаат нивните деца“.

Како јас што го читам, Yang констатира негово видување – и најверојатно порнографијата е проблем. Особено кај млади луѓе кај што може лесно да создаде зависност. И според твитот, се чини дека претпочита решенија од самата индустрија односно технолошките фирми наместо да се забранува со политики.

А тука е проблемот!

Доброто е што прашањето – барем правно, и барем во САД – е решено. Како што објаснуваат од Reason,  „Врховниот суд на САД има повлечено јасна линија помеѓу порнографија, која ја ужива заштитата на Првиот амандман, и безобразлук (obscenity), што не е заштитен начин на изразување“. Што е „obscenity“? Во случајот Miller v. California во 1973 Врховниот суд заземал став дека „obscenity“ е дело кое „како целина, нема никаква литературна, уметничка, политичка или научна вредност“. 

Оди докажи го ова – a „товарот на докажување“ е на цензорите. Она што е јасно е дека општа забрана на порнографија во САД не може да помине. Секој случај – секое видео, слика, дело, што и да е – ако некој сака да го забрани, мора да се цени на case-by-case basis. Се друго е само политичко-партиско џавкање.

Или, одговор во една реченица на прашањето од насловот на колумната: ДА, порнографијата е заштитен говор/изразување.

Претходна статијаSamsung претстави SSD дискови кои нема да престанат со работа
Следна статијаНајдобриот филм што го гледав во 2019
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.