Замислете си дека разговарате со некој човек кој има спротивставени мислења и ставови на вашите. Во таква ситуација, многу е тешко да дојдете до заедничка точка на согласување за какви било теми. Уште повеќе на поосетливи теми како политика и сл.

Иако тоа ниво на култура и толеранција е возможно да се постигне и со „овоземски“ напори, се наближува време кога ќе имаме надворешна помош. И тоа, од место од кое најмалку би очекувале: Блокчејн технологија.

Со помош на оваа технологија, доживувањето на еден ист момент помеѓу две или повеќе личности ќе може да биде идентично. Односно, ќе можеме пообјективно да ги перцепираме туѓите перцепции и размислувања. Блокчејнот би овозможил креирање на виртуелни симулации преку кои ќе можеме да нурнеме во туѓите спомени, да воочиме како тие луѓе стигнале до ставовите кои ги имаат и ги споделуваат со нас, и полесно да дојдеме до некој заеднички заклучок.

Една можна употреба на Блокчејн во овој поглед е можноста за складирање на „умствени датотеки“, т.е. складирање на блокови на податоци поврзани со нашето лично размислување, кои би можеле да бидат споделени со други корисници на ваква технологија.

Се разбира, ова звучи премногу футуристички, налик на идеја од некој научно-фантастичен филм. Всушност, нешто слично беше екранизирано во филмот Final Cut, каде што спомените на мртвите луѓе се зачувани за подоцна да можат да бидат „преживеани“ од нивните најблиски.

Во филмот Gattaca, родителите можат да го одберат полот и физичкиот изглед на детето, неговите аспирации и амбиции, како и вештини во кои ќе бидат извонредни.

Во НФ романот Војната на Старецот (Old Man’s War), главните ликови комуницираат преку компјутерски интерфејс (BrainPal) кој ја користи невралната мрежа на мозокот за да ги утврди емоциите, спомените, и психолошките карактеристики на „домаќинот“ како и на лицето со кое што домаќинот комуницира.

Сиве овие замисли од популарната култура не се ненадејни. Уште од појавата на Матрикс сериозно не интригира помислата дека нашата свест се протега подалеку од нашето најблиско опкружување.

Биохакирањето, како што е популарно наречено, е веќе започнато. Секојдневно користиме гаџети кои ни го мерат пулсот, бројот на чекори, потрошените калории и квалитетот на нашиот сон. Паметните часовници, фитнес алките и другите вакви направи се продолжение на нашето физичко тело. Фидбекот кој што тие ни го даваат ни овозможува да се подобриме во секој поглед. Преку согледување на она што сме го правеле претходно, знаеме што да направиме следно за да бидеме поодморени, побрзи, попродуктивни, и генерално подобри човечки суштества.

Сепак, она кон што се стремиме е автоматизација. Односно, да не мораме самите ние да учествуваме во процесот на само-подобрување, туку нашиот организам да се само-подобрува автоматски, со поттик од новите технологии.

Токму тука стапува на сила Блокчејн и другите Биохакинг технологии.

Претходна статијаЗапознајте се со Blokverse – македонски стартап лансиран од Netcetera
Следна статијаQpick ја лансира првата мобилна апликација за паметен шопинг