Google

Во последниов период во неколку наврати беше најавувано дека се работи на тоа познати ИТ фирми да отворат свои претставништва во Македонија. Неспорно е дека тоа би отворило многу нови работни места, како и дека потенцијално би се спречило одливањето на младите умови во странските земји. Сепак, некако се наметнува прашањето: што ќе значи тоа за економијата на земјата? Дали постојат негативни аспекти при реализирањето на ваков случај? Одговорот ќе го најдеме во Берлин, бидејќи тие моментално имаат ваква ситуација. Еве за што станува збор ?

Имено, Google сака да отвори свој кампус во германскиот град. За разлика од другите технолошки градови кои сакаат да привлекуваат вакви инвестиции, граѓаните на Берлин во неколку наврати протестираат за доаѓањето на големата компанија во градот. Зошто? Според образложенијата, тие се цврсто убедени дека тоа ќе им ја загрози егзистенцијата. Работите одат дотаму што двапати месечно се одржуваат “Anti-Google-Cafe” средби, а од минатата година излегува и весник кој се бори против Google, гентрификацијата, раселувањето и техничката доминација.

Да образложам попросто: доаѓањето на Google во Берлин може да има директен импакт на цените на становите, како и целокупниот начин на функционирање во заедницата од финансиски аспект. Практично, бројните стартапи и мали бизниси, како и уметници, фриленсери и останати веќе нема да бидат во можност да ја плаќаат станарината со оваа промена на условите. Паралелно со становите, растат цените и во маркетите и на овој начин, со ова може да се носи само средната и висока класа на граѓани. Тоа е всушност гентрификацијата – со неа се претвораат цели делови од градот во скапи центри за просперитетни луѓе од класите што ги споменав. Обичните луѓе, што живеат таму со години, нема да можат да се носат овие зголемувања и ќе почнат да мигрираат на други места. Еден проблем се решава, но се отвора втор на друго место.

Од Google се секако изненадени од ваквото однесување, но во секој случај не се индиферентни. Портпаролот на Google во Берлин вели дека компанијата разговарала со жителите за нивната загриженост, како и дека ги користи нивните повратни информации и сугестии во нивните планови.

Како би можеле ние да го искористиме ова искуство? Кои фактори влијаат? Моето мислење е дека не треба да се занемари колку една компанија може да допринесе. Се’ што треба е само да се направи математика – колку луѓе се вработуваат, колку се придонесува со плаќање на даноци врз тоа колку се издига стандардот и се зголемуваат цените.

Како размислувате вие на ова прашање?

Споделете со нас во коментар ✌

Претходна статијаОбидувајќи се да спречи, Сигнал наиде на „цензура“
Следна статијаВиз Ер Скопски маратон се развива и напредува благодарение на учесниците, покровителите, партнерите, поддржувачите и соработниците