За искуствата од новолансираниот производ IQOS, е-трговијата како клучен аспект од стратегијата на компањата за продажба, особено во екот на пандемијата и позитивното искуство на нивните купувачи од нивната онлајн продавница, разговараме со Милица Весовиќ Денковска од Филип Морис Скопје.

Иновативниот IQOS уред кој направи револуција во тутунската индустрија беше лансиран на нашиот пазар токму во екот на пандемијата предизвикана од covid-19. Кажете ни повеќе за влијанието од истата; дали можеби тоа беше една од причините поради која одлучивте IQOS да биде достапен и online? Како пандемијата влијаеше во вашата e-commerce стратегија?

Како што и самите кажавте, нашиот револуционерен производ беше лансиран во многу специфични услови, во време на пандемија, па затоа и самиот пристап и стратегија беше специфичен и поинаков. Целата ситуација наложи многу поагилно дејствување, што до некаде допринесе и до донесување на одлуката да започнеме со e-commerce уште на самиот почеток на лансирањето. Имајќи во предвид дека станува збор за производ наменет за таргетирана група потрошувачи, во тој период и стратегијата која ја применивме беше таква. Самиот факт дека пандемијата придонесе и до промена на корисничките навики,  допринесе до поголема отвореност за нарачување онлајн. Се надеваме дека токму оваа пракса и стекнати навики ќе продолжат и понатаму.

Грижата за корисници е навистина важна, особено на многумина кои се уште го разоткриваат концептот на работа на овој нов, модерен уред. Па така, дали можете да ни кажете повеќе каков е вашиот пристап и на кој начин им стоите на располагање на IQOS корисниците?

Грижата за корисници е она на кое нашата компанија дава најголем акцент. Градењето на лојални корисници зависи од процесот на нивниот онбординг. Токму поради таа причина, корисничката поддршка е присутна на соодветните дигитални канали, поддржувајќи го целосно процесот и решавањето на предизвиците, преку единствен hyper care кој ги води и поддржува корисниците во процесот на промена. Пристапот consumer at the core, во вистинска смисла на зборот е она што во моментов корисничката поддршка ја подига на сосема поинакво ниво од она на кое се навикнати потрошувачите кај нас.

Што можете да ни кажете повеќе за Вашето искуство при онлајн продажбата на уредот и аксесоари кои се достапни на вашата е-продавница? Каков е feedback-от од корисниците?

Да бидам искрена, изненадени сме колку позитивни коментари добиваме, особено за достапноста и понудите на нашата онлајн продавница. Ме радува фактот дека и во периодот на олабавување на рестрикциите за движење во време на ковид, корисниците ги задржаа навиките да купуваат онлајн. Фидбекот кој секојдневно го добиваме од нашите полнолетни корисници е навистина бесценет, бидејќи, токму тој ни помага да научиме повеќе за нив, да се потрудиме да бидеме подобри и да понудиме многу повеќе, се со цел подобрување на корисничкото искуство. 

Да речеме дека разговарате со личност која е заинтересирана да го купи Вашиот иновативен уред преку вашата е-продавница. Што е најважното што би ни го кажале и на што највеќе треба да внимаваме при купување на IQOS online?

Купувањето на нашиот уред не е само уште една обична нарачка онлајн. Тоа е одлука за вистинска промена во Вашиот живот. Целиот процес на нарачување кај нас не завршува со Вашата нарачка на нашата онлајн продавница, туку напротив започнува. Замислете дека нарачувате производ кој ќе Ви биде доставен на Вашата врата од страна на наш експерт кој ќе Ве спроведе кон процесот на користење на уредот, ќе Ви даде одговор на сите Ваши прашања кои ќе ги имате во тој момент, и секако ќе биде тука за Вас во наредниот период на адаптација? Мислам дека ќе се сложите дека ова е еден уникатен и досега невиден пристап на нашиот пазар.

За крај, што е последната работа што ја купивте онлајн и какво беше Вашето искуство? Што ќе им препорачате на оние кои сѐ уште (ако има такви) не го искусиле онлајн пазарувањето?

Искрено веќе години наназад практикувам да нарачувам и пазарам онлајн. Најчесто нарачувам намирници за дома, на неделно ниво. Супер искуство, заштеда на време и средства. Токму вчера ја завршив мојата нарачка, ја очекувам доставата денес. Во време на пандемијата многу често нарачував и подароци за родендени, морам да признаам дека славениците беа многу позитивно изненадени.Она што можам да го препорачам на оние кои се уште не ги искусиле бенифитите во нарачувањето и пазарењето онлајн е да почнат веднаш, сигурна сум дека во голем процент ќе им стане секојдневие.

Претходна статијаTikTik продолжува да функционира во САД по избегнувањето на забраната најавена за вчерашниот ден
Следна статијаЗапочнува продажбата на новиот HUAWEI WATCH FIT на македонскиот пазар