Sozdadi.com, социјално претприемништво, Tech.O

Илина Вељановска e минатогодишен победник на Social Impact Award Macedonia и основач на првата регионална платформа за развој на локално претприемништво – Sozdadi.com. Ние си промуабетивме за тоа на што работат таа и нејзиниот тим, па следуваат деталите во прилог ?

1. Што е “Создади” и кој е тимот позади него?

Sozdadi.com е регионална заедница која поврзува, место каде секој ќе може да твори и создaва се’ што ќе посака. Преку пласирање на локални производи на пазарот, платформата нуди безброј можности за развивање на малите локални бизниси.

Планирано е 20% од месечните приходи на Sozdadi.com да се одделуваат за продажба и промоција на производи и ракотворби. Тие ќе бидат изработени од страна на маргинализирани групи граѓани и жртви на семејно насилство. Практично, со купување и продавање на производи од нашата платформа, вие станувате амбасадори во општествената борба за инклузија на пазарот на труд.

Стручниот и вреден тим на Sozdadi.com ја креираше ваквата онлајн платформа со цел да го поддржи локалното претприемништво. Платформата е ориентирана кон заедницата и на неа секој ракотворец и производител ќе добие безбеден простор. Во него корисникот ќе креира своја сопствена онлајн продавница и преку неа ќе го развива своето хоби или домашен производ.

Sozdadi.com се стреми кон конекција, а не трансакција. Инклузивност и креативност се клучните зборови кои не’ водат низ целата приказна. Во неа, секако, најголема улога има желбата за творење на домашните производители и креативци. Многу важен дел од ова е и квалитетот на производите кои се нудат. Да не ја заборавиме и неизмерната поддршка која ја добиваме од самиот почеток.

Sozdadi.com, социјално претприемништво, Tech.O

2. Tech.O е настанот на кој ќе го лансирате вашиот продукт. Зошто токму тој?

Во ова четврто издание на настанот Tech.O, фокусот е ставен на теми поврзани со општествено влијание и еднаквост. Поточно, со подигнување на свеста за загрижувачките општествени предизвици преку дискусија, иновација и технологија, ќе се стремиме да ја подобриме бизнис средината. На овој начин ќе се потрудиме да направиме позитивна промена во нашето општество. Токму тоа е и примарната мисија на Sozdadi.com. Оттука, сметаме дека ваквиот настан е одлична можност за лансирање на ваквата регионална и општествено одговорна онлајн платформа. Секако, ова е одлична можност и за промовирање на нашите домашни производи.

3. Работите во областа на социјално претприемништво. Каква се условите во Македонија за ваков тип на бизнис?

Социјалното претприемништво постои во Македонија. Како и да е, сметам дека сеуште не’ очекува долг процес на создавање култура на социјални претприемачи. Засега, не постои адекватна законска регулатива за овој тип на претприемништво.

Меѓу првите кои мене лично ме поттикнаа да се занимавам со социјално претприемништво, се “Фрешис”, ресторанот за здрава храна, и уличното списание “Лице в Лице”.

Mе фасцинираше начинот на кој успеваат да решат горливи општествени проблеми и импактот кој го постигнуваат работејќи во бизнис секторот. Од таа причина, решив да се пријавам на наградата за социјално претприемништво – Social impact Award. Токму тука, со идејата за Sozdadi.com, бевме едни од победниците во 2017 – та година. Целиот тим на програмата не’ водеше низ сите фази од развивањето на идејата. Тие многу ни помогна да направиме прогрес и да стигнеме до последната фаза – формирање на социјално претпријатие.

Сметам дека ваквата награда за социјално претприемништво отвора нови погледи и можности за сите млади луѓе и студенти. Нема ништо поубаво од тоа да создаваме култура на студенти кои се спремни да излезат надвор од својата комфорна зона, за да создадат подобро општество за сите.

➡ Следете ги “Создади” на социјалните мрежи✌ ⬅

Sozdadi.com на Facebook

Sozdadi.com на Instagram

 

Претходна статијаБарак Обама ги критикувва Facebook и Google како се уште да е претседател на САД
Следна статијаСветот според Кајли Џенер