Биди дел од The Cool School

Интервју со директорката на Американската гимназија, г. Венера Крлиу-Ханџиски

(Ова интервју не е направено од страна на Smartportal.mk, истото го пренесуваме на нашиот медиум.)

Се ближи крајот на школската година, денот што сите ученици го очекуваат. Што значи тоа за Вас, како директорка на Американската гимназија Скопје?

За мене и за целиот тим на Американската гимназија, тоа значи завршеток на уште една успешна година. Горди сме на успесите и постигнувањата на нашите ученици, кои учествуваа на значајни натпревари и освоија бројни награди, и задоволни сме со знаењето што успеаја да го стекнат.

Децата секојдневно нѐ изненадуваат со своите размислувања, капацитети и таленти, и работата со нив е и задоволство, и предизвик. Интересот за Американската гимназија во јавноста е сѐ поголем, и овие успеси сведочат за нашата посветеност на учениците, како и вложувањето во нивните знаења и вештини.

Покрај тоа, крајот на школската година за нас значи и своевиден почеток на следната, бидејќи во тек се уписите на нови ученици. Интересот е голем и се радуваме на нашата нова генерација.

Неодамна добивте статус на кандидат за акредитација. Од какво значење е овој статус и што значи тоа за учениците?

Неодамна, Американската гимназија Скопје доби одлични оценки од страна на Accrediting Commission for Schools, Western Association of Schools and Colleges, за своето континуирано следење и придржување на процедурите, критериумите и политиката за акредитација на ACS WASC. Со тоа, добивме Статус на Кандидат за акредитација. Овој статус е од големо значење за нашето училиште, бидејќи е потврда за нашите напори и нашата посветеност на врвното образование. Покрај тоа, овој статус значи и гаранција за самите ученици, како и за нивните родители, дека училиштето овозможува високо ниво на образование, основа за понатамошен успех. Статусот е мошне значаен чекор напред, и секако, поттик и мотивација за уште поголема работа и посветеност на целиот тим.

Здравствената криза за вас значеше почеток на онлајн предавања. Како се прилагодивте и какви се вашите искуства со тоа?

Ситуацијата што ја предизвика коронавирусот нѐ пресретна во период на интензивна работа, секојдневни часови и предавања, и неопходно беше брзо да се прилагодиме, со цел учениците да не изгубат континуитет во учењето. За многу кратко време се префрливме онлајн, извршивме обуки, обезбедивме опрема и наставата продолжи преку платформата Webex, во една хибридна форма. Часовите продолжија по распоред, наставниците максимално се вложија, а и учениците, и нивните родители, беа задоволни од начинот на кон функциониравме. Се изведуваа и предавања, и тимска работа, и писмени, и домашни задачи, без никаков проблем. Секако, децата чувствуваа недостаток од социјализација, си недостигаа меѓу себе, но тоа брзо до надоместија со креативно користење онлајн комуникација и разни апликации. Дури и голем дел од проектите за на училиште ги решија на таков, креативен начин.

Во пресрет на летниот распуст, какви се Вашите планови за следното полугодие? Што очекувате и како се подготвувате?

Штотуку заврши конкурсот за доделување стипендии за упис во прва година и им честитам на добитниците, се радуваме што ќе имаме толку добри ученици од септември. Оваа година Американската гимназија доби голем број апликации од многу супер талентирани и умни деца, и изборот беше навистина тежок. Во тек се подготовките за наставата од есен и плановите како таа да се изведува. Уписите се во тек, и со задоволство ги очекуваме пријавите на полуматурантите.

Претходна статијаСкала Магазин е нова студентска платформа за дизјан и современа уметност
Следна статијаWindows 10 ќе ги известува корисниците чии уреди не се уште компатибилни со новата May 2020 надградба