youtube-logo-2

Во изминатиот период YouTube направи промени во својата API алатка што треба да овозможи нови функции, како што истакнуваат од тимот. Ваквите промени може да остават одредена категорија на корисници без нивната YouTube апликација која што веќе нема да работи на одредени постари уреди.

Како постари уреди се сметаат уредите кои што се произведени во и пред 2012 година, а тука спаѓаат паметни телевизори од Sony и Panasonic, Blu-ray дискови, iOS уреди, како и постари верзии од Google TV.

За повеќето корисници кои што ги менуваат своите уреди за понови на неколку години, ова нема да претставува проблем, но затоа тие што уште користат некој од постарите уреди, а на нив ја користат YouTube апликацијата, ќе бидат сигурно разочарани.

Извор: Google

Претходна статијаFacebook сака да научи како да го изговори вашето име правилно
Следна статијаПронајден мозок без природните набори на сивата кора
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.